Архива на стари написи од трети медиуми

[Архива] Слободен сум како птица

Благој Нацоски - оперски пејач

Автор: Редакција/среда, 26 октомври 2016/Категории: Архива, ТЕА Модерна

Оцени го написот:
5.0
[Архива] Слободен сум како птица


Автор: Благородна А. Ноциќ
Фото: Марко Гаринча и приватна архива  
Медиум: „ТЕА Модерна“ 
Бр. на издание: 834
Датум: 26.10.2016

Најуспешниот македонски тенор со интерна-ционална кариера, Благој Нацоски е роден на 18 мај пред 37 години, како што самиот вели на истиот ден со папата Јован Павле Втори, како и со познатиот оперски пејач од Пиринска Македонија, Борис Христов. Средно музичко училиште завршил во Скопје, а Конзерваториумот „Личинио Рефиче“ во Фрозиноне, Италија. Иако потоа следувале и неколку специјализации, најголемата школа ја добил на „штиците“, настапувајќи рамо до рамо со врвни пејачи, диригенти и режисери. По неговото деби во Римската опера во февруари 2003 година, во улогата на лордот Артуро во операта „Лучија од Ламермур“ од Доницети, ги освојува и Миланската скала, но и Њујоршката опера. Договорот што го потпиша со менаџерската куќа „IМG Аrtists“ му налага неуморно да ги полни оперските сали низ светските метрополи, а во професионалната агенда до средината на ноември оваа година му се запишани уште дваесетина настапи. Неговите пријатели го опишуваат како ведар, насмеан, хуман и секогаш расположен за пеење и дружење. Благој жали што не може почесто да биде со своите блиски, особено со братот Филип, кој е новинар по професија и со кого постојано се во контакт. Особено го разнежнува неговата внука, четиримесечната Лена која му е најголема радост во животот.

Како стигнавте до Италија, а од таму и до најпрестижните театарски сцени во светот?

- При учеството на една мајсторска школа по пеење на „Интерфест Битола“ кога бев во четврта година од средното образование, запознав двајца оперски педагози од Рим, кои всушност ја предводеа таа школа. Тие мене веднаш ми се допаднаа како професори, но и јас ним како ученик. По таа средба им реков на родителите дека по завршувањето сакам да заминам на студии во Рим, па така и направив. Школувањето во земјата на „белкантото“ ми овозможи да ја започнам меѓународната кариера, но пресуден момент беше кога при една адиција, односно натпревар каде и победив, во жирито случајно се наоѓаа уметничкиот и кастинг директорот од Римската опера. Следниот ден веднаш добив телефонски повик од нив ми беше понудена улогата со која и ми започна кариерата.

Со кои звучни имиња од светот на класичната музика досега сте настапувале?

- Во 2012 година настапив со Андреа Бочели, а заедно снимивме и цеде. Сепак Андреа не е вистински оперски пеја, но ете, тој е најпознатото име со кое работев. Од „вистинските“, односно професионалните оперски пејачи ќе ги издвојам Ренато Брузон, Руџеро Раимонди, Мариела Девиа, потоа диригентот Фабио Луизи, кој е шеф-диригент во Метрополитен операта во Њујорк, во Виена, во Цирих, во Копенхаген.

Имате ли професионални предизвици? На кого му се восхитувате од Вашата фела?

- По настапите во Миланска скала се чувствувам толку исполнето на професионален план, што во моментов немам некои посебни предизвици. Речиси сите улоги кои ги посакував - ги испеав. Предизвик ми е да имам свој фестивал, можеби театар или нешто слично. Инаку, немам идоли од денешно време.

Кои особини денес треба да ги поседува еден врвен оперски пејач? Се добива впечаток дека стандардите се мошне повисоки и не се во игра само гласовните квалитети.

- Се разбира, и би рекол за среќа! Освен гласовните квалитети, потребни се и еднакви актерски способности и висока музичка подготвеност. Денес сѐ побитен е и физичкиот изглед. Јас до некаде се сложувам со тоа, бидејќи операта е уметност, а уметноста значи „убавина“. Од друга страна, „окото“ на публиката денес е изменето поради телевизијата, интернет медиумите... Некако не е веродостојно Тоска да се заљуби во Каварадоси кој има 150 килограми и да му пее „мојот убав Марио“...

Како го негувате гласот?

- Освен тоа што не пушам и не пијам алкохол, пред настап немам некои посебни третмани. Доколку се води здрав живот, што значи здрава исхрана и спортување, и гласот ќе биде во ред

По што се издвојува оперскиот пејач од поп-пејачот?

- Основната разлика е тоа што оперскиот пејач нема потреба од микрофон за да може да го чујат 5000 посетители во салата. Школувањето на гласот трае многу подолго, потемелно и никогаш и не завршува?! Секоја чест на поп пејачите, но ние вложуваме значително поголема енергија при нашите настапи. Ја користиме сопствената енергија, а кај поп пејачите работата ја завршува микрофонот.

Дали имате генетски (семејни) предиспозиции за музика?

- Јас сум шести по ред од осумте музичари во моето пошироко семејство. Моите баба и дедо се едни од основачите на Операта при МНТ, денешен МОБ, потоа мајка ми Лидија, потоа Милан и Тодор Завкови, а братучедите Елена и Виктор Митревски се врвни диригенти. Елена е хор-мајстор во Операта во Овиедо, Шпанија, додека Виктор живее и работи во Виена.

Културен амбасадор сте на Македонија во Италија. Што значи за Вас оваа функција?

- Не сакам да звучам нескромно, но во овој случај не се работи само за формален лист хартија. Сакам кога ја презентирам македонската култура, било како оперски пејач, како член на разни жирија или како неодамна кога имав можност да зборувам и во италијанскиот парламент на тема „Култура и интеграција“.

Како Ви поминува еден работен ден? Ви останува ли време за одмор, релаксација, дружење со пријателите?

- Кога сум дома во Џенова на мојата професија и се посветувам максимум два часа во денот, кои се сведени на одржување на гласот, во зависност од тоа дали треба да учам нова улога или да повторам некоја веќе изведена. Значи, имам време во изобилство за дружење, за релаксација и за одмор. Кога сум, пак, некаде во светот, обично поминувам осум часа во театар, а потоа се дружам со колегите. Сепак, ние припаѓаме на едно големо семејство наречено театар, и сите сме во истиот кош. Некогаш, пак, патувањата значат и многу мигови на самотија. Кога сум некаде за прв пат, јас не се штедам, ниту пак се чувам себе, љубопитен сум и знам да се однесувам и како турист.

Сте го прошетале целиот свет. Кога би можеле да одбирате каде би одбрале да живеете и зошто?

- Би живеел во Њујорк бидејќи тоа е најкосмополитскиот град на светот. Во Рим поминав 14 години од мојот живот и за мене тоа е најубавиот град на светот, кој буквално ми ја исполни душата со убавина и со инспирација за уметничко творенье. Токио со задоволство го посетувам и доколку мине повеќе од една година, ми недостига...

Дали спортувате? Имате ли хоби?

- Да. Пет пати во неделата вежбам „кросфит“. Целосно се пронајдов во овој спорт. Признавам, порано бев многу мрзлив, а сега се зафатив со еден од најинтензивните и најнапорни спортови. За среќа „кросфитот“ го практикувам каде било низ светот.

Каква музика сакате да слушате приватно?

- Најискрено ретко слушам музика, затоа што сакам да ги одморам уште од музика. Инаку, често знам да седнам на клавир и да отпеам некоја стара македонска песна или некој постар светски хит.

Што мислите за љубовта, дали сте вљубени во моментов?

- Во моментов не сум. Слободен сум како птица.

Имате ли неостварени желби?

- Би рекол дека нештата засега се движат во добра насока и полека сите желби ми се исполнуваат.

Кој е Вашиот стил на облекување? Ја сакате модата?

- Пред четири години, односно пред мојот ангажман во Миланската скала имав средно долга коса и негував класичен стил. Тие ме натераа да се потстрижам кратко, со што морав да направам и промени во облекувањето. Најпрво бев шокиран, но потоа се навикнав... Сега алтернирам класика, односно елеганција со спортски стил. Слаба точка ми се кошулите, не знам нисам колку ги имам. Од спортскиот тип на облека ја преферирам онаа на Abercrombie & Fitch.

Имате ли пороци?

- Најголемиот порок ми е тоа што пијам кока-кола. Не знам дали кафето се смета за порок, зашто пијам четири еспреса на ден.

Италија е позната по својата кујна. Дали сакате да готвите?

- Да, Италија е позната по својата кујна и заедно со јапонската се двете најдобри кујни на светот. Но, не ме терајте да готвам! Готвам за да преживеам, никако од љубов!

НЕРАСКИНЛИВО ПРИЈАТЕЛСТВО

Својата миленичка - златниот ретривер по име Хера, Благој ја нарекува принцеза и често знае да ги сподели на Фејсбук нивните заеднички фотографии. „Хера има три и пол години. Многу сум приврзан за неа и многу ми недостасува кога одам на далечни патувања, а не можам да ја носам со мене. Кога сум некаде во Италија, на пример лани настапував во Милано кога пет месеци, морав да анга жирам „догситер“ за да ја шета и да ја храни“.

(Објавено во „ТЕА Модерна“, бр. 834 од 26.Х.2016)
Печати

Број на прегледи (143)/Коментари ()

Периодика

music nonstop today

Последни додадени

[Архива] „Синот божји“ ги откри моите девет тајни

Интервју: Тоше Проески

  • 7 јули 2000
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 714
  • 0 Коментари
[Архива] „Синот божји“ ги откри моите девет тајни

Bо минатата недела Тоше Проевски го промовираше својот втор албум, насловен Синот божји со заштитен знак на Авалон продукција. Албумот содржи девет песни кои стилски се слични на нумерите од неговиот деби студиски проект...

[Архива] Покана за настап на ТВ

Ацо Симоновски во СССР

  • 9 декември 1966
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 378
  • 0 Коментари
[Архива] Покана за настап на ТВ

Младиот пеач на забавни мелодии од Скопје - Ацо Симоновски, од неодамна се наоѓа во Советскиот Сојуз. Во оваа земја тој настапува заедно со ансамблот на Стево Теодосиевски и пеачите Есма Реџепова, Радмила Димиќ, Мехо Пузиќ, Катица Краљевиќ и Живан Милиќ.

[Архива] Три питања за ову недељу: Зафир Хаџиманов

Зафир снима филм: „Време без рата“

  • 31 октомври 1968
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 339
  • 0 Коментари
[Архива] Три питања за ову недељу: Зафир Хаџиманов

Добио сам улогу у филму „Време без рата“, који ће режирати Бранко Гапо. Још у Пули било је речи о овом филму. Био сам предложен прво за главну улогу, али услед неких измена додељена ми је једна интересантна епизода младог шофера...

[Архива] Повторно „Гости на нашиот град“

Културен размерник...

  • 17 ноември 1966
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 335
  • 0 Коментари
[Архива] Повторно „Гости на нашиот град“

Во програмата учествуваат: Ладо Лесковар, Нина Спирова, Живан Милиќ, Томислав Маниќ, Илија Џаџев, „Мањифико“ (без Невена Арсова) и балетски ансамбл од МНТ.

[Архива] Krade da bi bila slavna

Zakasnele nade: Cvetanka Laskova

  • 1 јануари 1983
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 97
  • 0 Коментари
[Архива] Krade da bi bila slavna

Sa dvadeset osam godina životnog i deceniju estradnog staža, Cvetanka Laskova ima (najzad?!) prvu LP ploču. Za stvar „Eh, moj Gorane“ može se reći da je stigla do Studija B i tamo se ugnezdila, a Cveta je došla do prvog potencijalnog hita svog života...

RSS

Календар на архива