03 јули
2019
Хипхоп-модата, или уште позната и како урбана мода, е карактеристичен стил на облекување на припадниците на хипхоп-културата. Таа се однесува на облеката, очилата, фризурата, обувките и, глобално, ги изразува ставовите на хипхоп-културата.
26 јуни
2019
Во филмската индустрија постои термин „хипхоп-монтажа“, кој се однесува на брзите, кратки и нагли резови на кадрите. Времетраењето на овие кадри се движи од една до три секунди, за да прикаже движења, настани и информации во краток временски период, но и да пренесе енергија и немир.
19 јуни
2019
Потеклото на графитите датира многу порано од појавата на хипхоп-културата во 1970-тите години. Всушност, за нив може да се каже дека тие се стари скоро колку што е стара човечката цивилизација, која ѝ припаѓа на антиката. Името на терминот графити потекнува од италијанскиот збор графиато, со значење исчкртано.
12 јуни
2019
Денес, лириките на хипхопот драматично се променија во однос на темите и сфаќањето на самите автори. Ако во 1970-тите и почетокот на 1980-тите години хипхоп-текстовите изобилуваа со лесни рими и повици за забава, во средината на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години лириките станаа повулгарни и со политичка содржина; средината и крајот на 1990-тите години го означија врвот на хипхопот и од аспект на квалитетот на поетиката и од аспект на музичката продукција; во новиот милениум текстовите „се разводнија“, се приближија до т.н. поп-култура, а музиката стана поелектронска, приспособена на модерните побарувања на музичката индустрија и на публиката.
05 јуни
2019
Влијанието на хипхоп-лириките го наоѓаме и во појавата на денес мошне популарната форма на поетски натпревари, односно слем-поезијата. Во социолошка и културолошка смисла на зборот се однесува на она што се нарекува „култура на младите“ и претставува натпревар на кој поетите читаат или рецитираат свое оригинално напишано дело.
29 мај
2019
Една од најважните карактеристики на хипхопот е неговиот јазик (сленг, односно жаргон). Јазикот на хипхопот е сленговски, креативен и сликовит, понекогаш со навредлив тон и политички некоректен.
22 мај
2019
Основата на хипхопот ја сочинуваат четири елементи, без кои како култура тој не може да функционира: ем-си или оној што рапува, односно господар на церемонијата; ди-џеј или оној што пушта музика на плочи, а денес на друга електронска опрема, брејкденс, односно танцувачи – бибојс и графити, односно улична или ѕидна уметност.
15 мај
2019
Приказната за хипхопот започнува во Бронкс, Њујорк, во средината на 1970-тите години, и се проширува во другите њујоршки квартови: Харлем, Бруклин и Квинс. Тоа е време кога во американските гета се раѓа нова култура, нов начин на живот, поинаков од оној што се живее на Волстрит.
08 мај
2019
Годинава се навршуваат 40 години од првата хипхоп-песна „Rappers Delight“ од групата „Шугархил генг“. Почнувајќи од 1979 година, хипхопот како култура, не само како музика, постепено се развива, за денес да стане доминантна поп или меинстрим-култура, со која секојдневно се соочуваме и ја гледаме околу нас.
10 февруари
2018
„Јасмин у су беле беле" е бенд од тројца Кубанци и еден Македонец што решија да издадат албум во Македонија, кој официјално ќе биде објавен во почетокот на наредниот месец.
10 февруари
2018
Македонската музичка сцена деновиве се збогати со уште еден певлив рефрен на музичката работилница на Ѓорѓи Крстевски.
10 февруари
2018
Сара Мејс е музичарка, чиј стремеж е да направи нешто ново и свежо во македонската музичка индустрија.