Архива на стари написи од трети медиуми

[Архива] Модерните стилови на хипхопот

Автор: Редакција/среда, 03 јули 2019/Категории: Архива, Нова Македонија

Оцени го написот:
5.0
[Архива] Модерните стилови на хипхопот

Автор: Славчо Ковилоски
Медиум: „Нова Македонија“
Бр. на издание: 24673
Датум: 3.7.2019

Хипхоп-модата, или уште позната и како урбана мода, е карактеристичен стил на облекување на припадниците на хипхоп-културата. Таа се однесува на облеката, очилата, фризурата, обувките и, глобално, ги изразува ставовите на хипхоп-културата. Од почетоците на хипхопот од 1970-тите години до денес, хипхоп-модата има претрпено повеќе промени. Според специјализираните списанија за мода, денес хипхоп-облеката со своите варијации е еден од најпопуларните стилови на облекување кај младите. 

На почетокот, модата на оваа култура ја сочинувала спортската облека од познати марки, за кон средината на 1980-тите и 1990-тите години да започнат да се носат широки фармерки со широки јакни, еднобојни дуксери, бели маици или дресови на кошаркарски тимови. Со комерцијализацијата на хипхоп-музиката, новиот милениум донесе драстични промени: облеката започна да се стеснува, започнаа да се ставаат светкави детали на панталоните и маиците, се воведоа спортските палта на кои се забележуваат силни и контрастни бои. Меѓутоа, во основа, стилот на оваа облека остана лежерен. Меѓу додатоците карактеристични за овој урбан стил ќе ги наведеме: темните очила, спортските капи и марамите, тетоважите, големите златни синџири, големите златни обетки, ремени со нечие име, големи златни прстени, односно сѐ што симболизира статус и богатство. Покажувањето богатство и моќ преку светкав и орнаментиран накит, мобилни телефони или златни заби уште е познато како „блинг-блинг“. Сепак, начинот на облекување претставува индивидуален избор, така што некои одбираат поедноставни комбинации, а некои со мноштво придружни модни додатоци. Посебна приказна се фризурите: тие можат да бидат суканици (групата ДАС ЕФХ), типична афрофризура (Лорин Хил), хај топ фејд (Вил Смит), корнровс (Ален Ајверсон) или целосна нуларица, особено популарна од времето на кошаркарот Мајкл Џордан од 1990-тите години. 

Гледајќи ги можностите за заработка, покрај веќе постојните популарни брендови прифатени од хипхоперите, како „Томи Хилфигер“, „Гучи“, „Адидас“, „Најки“ и други, самите рапери создаваат своја облека што ја брендираат: Ву Веар, Фат Фарм, Џи Јунит, Шон Џон итн. На тој начин, хипхоп-модата се комерцијализира и станува урбана мода, прифатена од Њујорк до Париз, Москва, Хонгконг, Рио де Жанеиро и Дакар. Прифатена од разните хипхопери и аренби-пејачи (Снуоп Дог, Џеј-Зи, Бјонсе, Ријана) и популарни личности, како фамилијата Кардашијан, денес во суштина хипхоп-модата станува универзален начин на облекување. Или, како што забележува еден моден критичар, „рап-музиката и модата – овие денови двете одат рака под рака“.

(Објавено во „Нова Македонија“, бр. 24673 од 3.VII.2019)

Печати

Број на прегледи (311)/Коментари ()

Повеќе линкови

Периодика

music nonstop today

Последни додадени

[Архива] „Синот божји“ ги откри моите девет тајни

Интервју: Тоше Проески

  • 7 јули 2000
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 714
  • 0 Коментари
[Архива] „Синот божји“ ги откри моите девет тајни

Bо минатата недела Тоше Проевски го промовираше својот втор албум, насловен Синот божји со заштитен знак на Авалон продукција. Албумот содржи девет песни кои стилски се слични на нумерите од неговиот деби студиски проект...

[Архива] Покана за настап на ТВ

Ацо Симоновски во СССР

  • 9 декември 1966
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 378
  • 0 Коментари
[Архива] Покана за настап на ТВ

Младиот пеач на забавни мелодии од Скопје - Ацо Симоновски, од неодамна се наоѓа во Советскиот Сојуз. Во оваа земја тој настапува заедно со ансамблот на Стево Теодосиевски и пеачите Есма Реџепова, Радмила Димиќ, Мехо Пузиќ, Катица Краљевиќ и Живан Милиќ.

[Архива] Три питања за ову недељу: Зафир Хаџиманов

Зафир снима филм: „Време без рата“

  • 31 октомври 1968
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 339
  • 0 Коментари
[Архива] Три питања за ову недељу: Зафир Хаџиманов

Добио сам улогу у филму „Време без рата“, који ће режирати Бранко Гапо. Још у Пули било је речи о овом филму. Био сам предложен прво за главну улогу, али услед неких измена додељена ми је једна интересантна епизода младог шофера...

[Архива] Повторно „Гости на нашиот град“

Културен размерник...

  • 17 ноември 1966
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 334
  • 0 Коментари
[Архива] Повторно „Гости на нашиот град“

Во програмата учествуваат: Ладо Лесковар, Нина Спирова, Живан Милиќ, Томислав Маниќ, Илија Џаџев, „Мањифико“ (без Невена Арсова) и балетски ансамбл од МНТ.

[Архива] Krade da bi bila slavna

Zakasnele nade: Cvetanka Laskova

  • 1 јануари 1983
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 96
  • 0 Коментари
[Архива] Krade da bi bila slavna

Sa dvadeset osam godina životnog i deceniju estradnog staža, Cvetanka Laskova ima (najzad?!) prvu LP ploču. Za stvar „Eh, moj Gorane“ može se reći da je stigla do Studija B i tamo se ugnezdila, a Cveta je došla do prvog potencijalnog hita svog života...

RSS

Календар на архива