Архива на стари написи од трети медиуми

[Архива] Јазикот на хипхопот

Автор: Редакција/среда, 29 мај 2019/Категории: Архива, Нова Македонија

Оцени го написот:
5.0
[Архива] Јазикот на хипхопот

Автор: Славчо Ковилоски
Медиум: „Нова Македонија“
Бр. на издание: 24645
Датум: 29.5.2019

Една од најважните карактеристики на хипхопот е неговиот јазик (сленг, односно жаргон). Јазикот на хипхопот е сленговски, креативен и сликовит, понекогаш со навредлив тон и политички некоректен. Според досегашните искуства, за да се предизвика внимание, но и да се искажат сопствените ставови, според припадниците на оваа култура јазикот треба да биде духовит, досетлив, да биде надвор од клишеата, да ја ублажува сериозноста, да покажува припадност итн. Сленговскиот јазик е близок до секојдневниот живот и служи да се создадат поблиски контакти меѓу луѓето од одредена група (ученици, војници, музичари, танчари, спортисти, ЛГБТ-заедницата). 

Станувајќи особено популарен во светот од 1990-години тој популаризира мноштво од своите изрази. Ефектот што медиумите го имаат врз секојдневниот живот повлијае хипхопот да стане мејнстрим, односно да се третира како и секоја популарна култура, при што неговите фрази станаа фрази и изрази од секојдневието. Треба да се истакне дека јазикот на хипхопот еволуира секојдневно, како што еволуираат и општествата, музиката, филозофијата. Во таа смисла, ништо не е завршено или готово. Хипхоп-сленгот ќе продолжи да се менува, некои зборови ќе се исфрлаат од употреба, а други ќе се придодаваат во хипхоп-речникот. Она што порано ѝ припаѓаше на помала група, денес го споделува целиот свет. 

Јазикот на хипхоп-културата е базиран и на постари изрази дополнети со новосоздаден сленг. Пример за вклучување термини што се одомаќинуваат и се редефинираат во хипхопот се: хот (1920), свинг (1930), хип (1940), кул (1950), соул (1960), чил (1970), смут (1980) итн. 

Како што кажавме, јазикот што се употребува во хипхопот претставува посебна приказна. Оксфордскиот речник во 2003 година во својот изворник ја додаде фразата „блинг-блинг“ (со значење: луксузно – накит, телефони), а речникот „Меријам Вебстер“ во 2007 година го додаде терминот кранк (музички термин; означува енергичност, возбуда). Денес, голем број зборови се вклучени во секојдневна употреба во англискиот јазик: худ (скратено од нејбрхуд – маало, соседство), криб (што означува место, престојувалиште) или вип (со значење автомобил). Фразите како „воц ап“ (здраво), „пис аут“ (довидување) или „чил аут“ (олабави се) се сретнуваат постојано во ТВ-сериите, филмовите и литературата, што само докажува дека јазикот е жива материја што постојано се менува и надградува. Всушност, јазикот на хипхопот е посебна тема што ја обработуваат повеќе лингвисти од целиот свет од различни аспекти.

(Објавено во „Нова Македонија“, бр. 24645 од 29.V.2019)

Печати

Број на прегледи (251)/Коментари ()

Повеќе линкови

Периодика

music nonstop today

Последни додадени

[Архива] „Синот божји“ ги откри моите девет тајни

Интервју: Тоше Проески

  • 7 јули 2000
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 714
  • 0 Коментари
[Архива] „Синот божји“ ги откри моите девет тајни

Bо минатата недела Тоше Проевски го промовираше својот втор албум, насловен Синот божји со заштитен знак на Авалон продукција. Албумот содржи девет песни кои стилски се слични на нумерите од неговиот деби студиски проект...

[Архива] Покана за настап на ТВ

Ацо Симоновски во СССР

  • 9 декември 1966
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 378
  • 0 Коментари
[Архива] Покана за настап на ТВ

Младиот пеач на забавни мелодии од Скопје - Ацо Симоновски, од неодамна се наоѓа во Советскиот Сојуз. Во оваа земја тој настапува заедно со ансамблот на Стево Теодосиевски и пеачите Есма Реџепова, Радмила Димиќ, Мехо Пузиќ, Катица Краљевиќ и Живан Милиќ.

[Архива] Три питања за ову недељу: Зафир Хаџиманов

Зафир снима филм: „Време без рата“

  • 31 октомври 1968
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 339
  • 0 Коментари
[Архива] Три питања за ову недељу: Зафир Хаџиманов

Добио сам улогу у филму „Време без рата“, који ће режирати Бранко Гапо. Још у Пули било је речи о овом филму. Био сам предложен прво за главну улогу, али услед неких измена додељена ми је једна интересантна епизода младог шофера...

[Архива] Повторно „Гости на нашиот град“

Културен размерник...

  • 17 ноември 1966
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 334
  • 0 Коментари
[Архива] Повторно „Гости на нашиот град“

Во програмата учествуваат: Ладо Лесковар, Нина Спирова, Живан Милиќ, Томислав Маниќ, Илија Џаџев, „Мањифико“ (без Невена Арсова) и балетски ансамбл од МНТ.

[Архива] Krade da bi bila slavna

Zakasnele nade: Cvetanka Laskova

  • 1 јануари 1983
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 96
  • 0 Коментари
[Архива] Krade da bi bila slavna

Sa dvadeset osam godina životnog i deceniju estradnog staža, Cvetanka Laskova ima (najzad?!) prvu LP ploču. Za stvar „Eh, moj Gorane“ može se reći da je stigla do Studija B i tamo se ugnezdila, a Cveta je došla do prvog potencijalnog hita svog života...

RSS

Календар на архива