Архива на стари написи од трети медиуми

[Архива] Повторно „Гости на нашиот град“

Културен размерник...

Автор: Редакција/четврток, 17 ноември 1966/Категории: Архива, Вечер

Оцени го написот:
5.0
[Архива] Повторно „Гости на нашиот град“

Автор: С. П.
Медиум: „Вечер“ 
Бр. на издание: 968
Датум: 17.11.1966

По несомнениот успех на првпат организираната забавно-музичка ревија во Универзалната сала - „Гости на нашиот град“, чиј режисер беше Ѓорѓи Македонски, Универзалната сала одлучи да приреди уште една таква ревија. Со тоа секако ќе бидат задоволени желбите на повеќето скопјани кои на првата ревија останаа без билети и немаа прилика да присуствуваат на еден своевиден спектакл на музика и балет.

Вечернава ревија „Гости на нашиот град“ концепциски не се разликува од претходната и во неа повторно ќе се сретнеме со интерпретатори на забавната песна и изведби на една балетска група.

Водач на ревијата ќе биде познатиот белградски артист Перица Славенски, водач и режисер на повеќе успешни ревии во Домот на синдикатите во Белград. На ревијата ќе учествуваат неколку познати имиња на домашната забавна музика: Ладо Лесковар, Нина Спирова, Живан Милиќ и Томислав Маниќ. По подолго време пред скопјани ќе настапи и познатиот ансамбл „Мањифико“, кој неодамна се врати од една поголема турнеја. „Мањифико“ овојпат ќе ни се претстави како трио и за првпат во него нема да настапи солистката Невена Арсова која се наоѓа на болување. Меѓу учесниците на ревијата е и познатиот инструменталист Илија Џаџев, интерпретатор на хавајска гитара. Тој во ревијата „Гости на нашиот град“ ќе се претстави по неодамнешниот настап на софиската ТВ. Балетската група, составена од членови на Балетот на МНТ во кореографија на Ѓорѓи Македонски, ќе изведе неколку игри на модерен балет. Режисер на „Гости на нашиот град“ е ТВ-реализаторот на РТВ Скопје Вељо Личеновски.

(Објавено во „Вечер“ - бр. 968 од 17.ХI.1966)

Печати

Број на прегледи (334)/Коментари ()

Периодика

music nonstop today

Последни додадени

[Архива] „Синот божји“ ги откри моите девет тајни

Интервју: Тоше Проески

  • 7 јули 2000
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 714
  • 0 Коментари
[Архива] „Синот божји“ ги откри моите девет тајни

Bо минатата недела Тоше Проевски го промовираше својот втор албум, насловен Синот божји со заштитен знак на Авалон продукција. Албумот содржи девет песни кои стилски се слични на нумерите од неговиот деби студиски проект...

[Архива] Покана за настап на ТВ

Ацо Симоновски во СССР

  • 9 декември 1966
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 378
  • 0 Коментари
[Архива] Покана за настап на ТВ

Младиот пеач на забавни мелодии од Скопје - Ацо Симоновски, од неодамна се наоѓа во Советскиот Сојуз. Во оваа земја тој настапува заедно со ансамблот на Стево Теодосиевски и пеачите Есма Реџепова, Радмила Димиќ, Мехо Пузиќ, Катица Краљевиќ и Живан Милиќ.

[Архива] Три питања за ову недељу: Зафир Хаџиманов

Зафир снима филм: „Време без рата“

  • 31 октомври 1968
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 339
  • 0 Коментари
[Архива] Три питања за ову недељу: Зафир Хаџиманов

Добио сам улогу у филму „Време без рата“, који ће режирати Бранко Гапо. Још у Пули било је речи о овом филму. Био сам предложен прво за главну улогу, али услед неких измена додељена ми је једна интересантна епизода младог шофера...

[Архива] Повторно „Гости на нашиот град“

Културен размерник...

  • 17 ноември 1966
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 334
  • 0 Коментари
[Архива] Повторно „Гости на нашиот град“

Во програмата учествуваат: Ладо Лесковар, Нина Спирова, Живан Милиќ, Томислав Маниќ, Илија Џаџев, „Мањифико“ (без Невена Арсова) и балетски ансамбл од МНТ.

[Архива] Krade da bi bila slavna

Zakasnele nade: Cvetanka Laskova

  • 1 јануари 1983
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 96
  • 0 Коментари
[Архива] Krade da bi bila slavna

Sa dvadeset osam godina životnog i deceniju estradnog staža, Cvetanka Laskova ima (najzad?!) prvu LP ploču. Za stvar „Eh, moj Gorane“ može se reći da je stigla do Studija B i tamo se ugnezdila, a Cveta je došla do prvog potencijalnog hita svog života...

RSS

Календар на архива