Автор: /
Медиум: „Шпиц“
Бр. на издание: 544
Датум: 20.3.2008
Mакедонската поп-дива Калиопи деновиве престојува во Загреб каде што ќе го претстави својот најнов албумски проект „Желим ти реќи“ пред првите луѓе на дискографската куќа „Акваријус рекордс“, кои како нејзини застапници ќе го промовираатна хрватскиот пазар.
Албумот е продуциран во студиото на композиторот Дарко Димитров, а викендов Калиопи направи и фотосесија со Ивана Тасев за обвивката на цедето и за промотивните материјали.
На цедето се најдоа 12 песни меѓу кои добро познатите „Гријех“ и „Пробуди ме“ и десетина нови теми на кои како автор се потпишува самата Калиопи. Наскоро на радиостаниците премиерно ќе биде пуштена и песната „Црне руже“ со која поп-пејачката ќе настапи на претстојниот „Хрватски радиски фестивал“. Автор на овој сингл е Дарко Димитров.
Меѓу другото, Калиопи деновиве имаше концертен настап во престижниот „Цанкарев дом“ во Љубљана каде што настапи заедно со големите музички имиња од балканските простори: Бајага, Масимо Савиќ, Кемал Монтено, Мањифико.
(Објавено во „Шпиц“, бр. 544 од 20.III.2008)