Автор: /
Медиум: „Шпиц“
Бр. на издание: 544
Датум: 20.3.2008
ОБОЖАВА-ТЕЛИТЕ на музиката на легендарните „Леб и сол“ ќе може да уживаат во нивниот најнов албум „Итаканатака“, кој наскоро ќе биде пуштен во продажба. Во Србија цедето ќе го објави матичната издавачка куќа на бендот „ПГП РТС“, а за хрватскиот пазар дискографската куќа „Кроација рекордс“.
Покрај вообичаеното лого на „Леб и сол“, на обвивката ќе стои и името на музичката легенда Дадо Топиќ, а како специјални гости се појавуваат Слободан Тркуља и српскиот актер Сергеј Трифуновиќ.
Албумот е колекција од девет песни „Галеб“, „Goodbye Peре“, „Мандарина“, „Астролаб“, „Си заљубив едно моме“, „Параматма“, „It's warming up“ и „Сакам да ти дојдам“. По објавувањето на албумот, групата ќе направи голема концертна турнеја, која ќе почне на 20 април во белградскиот „Сава центар“, а како специјални гости ќе настапат Слободан Тркуља и составот „Тамбураши“.
Зад новиот албумски проект на „Леб и сол“ застана тимот на продукцијата „Хамер“ од Нови Сад, кои изготвија серија со промо-апликации за албумот, црно-бели фотографии дефинирани со детали на атмосфера од надреални музички импресии. Филмската екипа на продукцијата „Хамер“ направи фотосесија и видеозапис за композицијата „Си заљубив едно моме“ сниман во Српското народно позориште во Нови Сад.
(Објавено во „Шпиц“, бр. 544 од 20.III.2008)