Написи

Избор за претставник на Евровизија 2022

Избор за претставник на Евровизија 2022

За оваа година (2022), моделот на избор за претставник на Евровизија ќе ја вклучи домашната јавност. Овој пат луѓето ќе може да гласаат за нивниот фаворит од понудените кандидати. Евровизија примарно треба да е забава за луѓето па и коректно е да им се дозволи да учествуваат во изборот за тоа кого ќе испратат од дома во белиот свет. На тој начин и поддршката за претставникот од дома ќе биде и поголема.

Од сите кандидати што испретиле свои песни на повикот на организаторот, во финалето на изборот за претставник остануваат само шест. 

На 28.1.2022, петок беа претставени изведувачите и песните во рамки на музичкиот ТВ магазин „Стисни Play“.

Од 28.1.2022 до 4.2.2022, секој може да гласа за својот фаворит, а резултатите од гласањето и оние од жири комисијата ќе го донесат нашиот претставни на Евровизија 2022.

Претставникот ќе биде соопштен во рамките на изданието на „Стисни Play“ во петок на 4.2.2022.  

За кого може да се гласа? (кандидатите)

И покрај тоа што немам можност да ги знам сите кандитати(со своите песни) кои аплицирале на повикот, ќе си дадам слобода да напишам дека сите 6 кандидати се навистина добар избор и добра понуда.

  • Млади луѓе што ја сакаат музиката и што со нивниот однос кон музиката ја покажуваат нивната посветеност и сериозност;
  • Изведувачите имаат одлични гласовни способности;
  • Сите имаат по некакво интернационални искуства, а за некои од нив знам дека имаат и аспирации за интернационална кариера;
  • Секој од нив е активен последниве 2-3 години како изведувач и со свои музилки изднаија;

Мојот вкус на просечен музички слушател е задоволен. Да видиме кои се кандидатите.

Andrea - Circle

Andrea - Circle

Андреа (Andrea) - Circles

Андреа Коевска и Александар Масевски се одличен тандем кој работи на интернационална кариера последниве 2 години (2020 и 2021). Тимот што им помага е интернационален и одлично разбира како функционира модерната музича индустрија во дигиталниот свет. Дистрибуцијата на сингловите на Андреа се прави на многу музички платформи и медиуми низ светот што не исклучува објава и на многу музички блогови што играат улога на сателити на централните локации во дигиталните музички продавници со што големите браќа на денешницата (чирај Google Search пример) го индексираат клучниот збор Андреа и растат релевантност на брендот Андреа во дигиталниот свет на светско ниво. 

Андреа има одлични гласовни способности. Вербалниот ангслики и е како да е растена во некоја од населбите во Њујорк, а песната е навистина добра. Единствено, за мој вкус е многу тажна, особено за настан како Евровијза. Разбирам дека има емоции што Андреа и да сака неможе да ги скрие што носат дополнителна вредност во изведбата на песната, но јас би сакал да видам повесела песна на Евровизија 2022. Навистина ќе ми биде мака и криво ако Андреа не отиде на овој интернационален спектакл за кој сум сигурен дека многу ќе и значи во понатамошното градење на светската кариера.

Kaly - Love and Light

Kaly - Love and Light

Kaly - Love and Light

Калина Велковска е одлична вокалистка и изгледа одлично. Нејзиниот музички ангажман низ годините наназад го препознавам како изведувач на алтернативната музика. Последниве неколку години нејзиниот ангажман излегува од тие алтернативни рамки што сметам дека е добро за нејзината понатамошна кариера како изведувач. За мене моментот на објавување на песната „Ти ми зеде сѐ“ е првиот чекор во процесот на нејзино претставуваше на аудиториум надвор од алтернативната рамка. По таа песна, како да имаше повторно лутање и себе барање, за минатата години како веќе да расчисти дека ќе се отвори за светот и поширокиот круг на публика, па се појави и на Макфест 2021, а еве ја сега и во конкуренција за претставник од Македонија за Евровизија 2022.

Песната со која е кандидатка за преставник од Македонија за Евровизија 2022 е на Давор Јордановски, а автор на текстот е Весна Малинова и ми се допаѓа, но многу повеќе ми прави асоцијација на главна тема од музика за некој холивудски блокбастер. Сепак, ако таа не е нашиот претставник, ќе ми биде криво затоа што знам дека вложува многу во она што го работи како интерпретатор и сигурен сум дека патувањето и настап во Торино ќе и отвори врати за следните чекори во кариерата како интерпретатор.

Lara - Flower of Sorrow

Lara - Flower of Sorrow

Lara - Flower of Sorrow

Лара Иванова која годинава ќе пуни 18 години и ако не се лажам таа е најмладиот кандидат (кандидатка). Таа има одличен стил при изведбите на меланхолични балади.  

Овој пат авторскиот тим за песната Flower of Sorrow е Роберт Билбилов, Дарко Димитров и стандардниот првотимец во нејзиниот тим како автор на текстот, Робин Зимбаков. Не сомнено добра песна и изведба, но за мојот вкус ова е премногу тажна песна. Предвидувам мртва трка помеѓу фановите на Андреа и Лара, иако Лара има компетитивна предност затоа што Лара до сега својата кариера ја гради во рамките на границите на Македонија (ако има и синглови за англиското говорно подрачје), додека пристапот на Андреа и нејзиниот тим е за претставување на интернационалната публика. Жирито ако треба да избере меланхолична балада, ќе има тешка задача помеѓу Лара и Андреа. Навистина ќе ми биде жал доколку Лара не успее во оваа трка за претсатвник на Македонија за Евровизија 2022. 

Ris Flower - Flying to Berlin

Ris Flower - Flying to Berlin

Ris Flower - Flying to Berlin

Цветановски создава одличен мелодичен рок материјал со неговиот проект Ris Flower. Тимот на Ris Flower е интернационален. А без интернационален тим сметам дека интернационалниот успех е тешко достапен. Неговите патувања и соработки во Турција се добра логистика за проширување на публиката и фановите на проектот Ris Flower што тој го работи со Мустафа (Mustafa Canbazlar).

Ќе бидам искрен и ќе напишам дека оваа песна мене ми е на последното место во овој натпреварувачки избор за македонски претставник на Евровизија 2022. 

Yon Idy - Dreams

Yon Idy - Dreams

Yon Idi - Dreams

Јон Ајдини има одлични песни објавени во последниве 3 години. Информацијата за ова младо момче и неговата музика за прв пат дојде до мене од билтенот на издавачот Пасвор продукција пред нешто повеќе од една година, кога го промовираа неговиот сингл „Back Around“ - одлична песна. Од тој момент се обидувам да ги следам содржините што тој ги создава и објавува. Можам да напишам дека сѐ што успеав да преслушам до сега од него (тоа се 8 синглови), без исклучок сите ми се допаѓаат.

И Dreams е во сличен стил како неговите останати песни. Сигурен сум дека оваа песна ќе биде во некоја од моите листи за преслушување, но за Евровизија 2022 би сакал да слушнам нешто што нема толку многу меланхолија во себе.

Viktor Apostolovski - Superman

Viktor Apostolovski - Superman

Виктор Апостоловски - Superman

Едноставно, пуштете го нека оди!!! Нека оди на Евровизија 2022!!! Ја слушам песнава и читам кој е авторот и тријам очи, па ги бришам очилата за да бидам сигурен дека добро читам. Владимир Дојчиновски - Дојчин е комплетен автор на оваа песна - се надевам не е некоја грешка. Не ми се верува дека музичкиот автор Дојчиновски го направил ова, познавајќи дел од неговиот опус (околу 100 музички изданија - верувам дека тоа не е комплетниот негов опус). Апостоловски на фонограмот звучи одлично. За мене Виктор Апостоловски е вонсериски изведувачи (немој да фрлате со дрва и камење по мене ако во моите епитети и суперлативи го донесам на ниво на нашиот Ангел), а има и авторски вештини и вештини на инструменталист. Неговите вокални способности доаѓаат до израз некаде по втората минута и седмата секунда (2:07) - супер брејк во почетокот на последната третина од песната.

Мислам дека оваа песна комплетно одговара за контекстот. На полупијаната публика во халата во Торино, доволно е „Cause I'm a Superman“ со умерено дисторзиран и фино „набиен“ со компресор кик (Drum Kick) за да ја поткрева дијафрагмата на присутните.

Отидов јас да гласам за Супермен (Superman), а потоа да легнам (3АМ Etrenal) во неверување за тоа какво авторско дело направил Дојчиновски. На Superman мислам дека и PitBull може да позавиди. Единствена замерка е што Апостоловски нема партнерка во песнава како онаа (Ke$ha) на Pitbull во „Timber“. Да беше тоа случајот, тогаш можев да се обложам дека Европската унија ќе мораше да ни поклони пари за да си ја направиме Универзална сала од темел, за да ја организираме следната Евровизја во 2023 година. Вака ќе треба да останам резервиран и воздржан од моите хазардерски аспирации во тој контекст и веројатно уште барем неколку години ќе треба да уживам во оригиналниот поглед на градилиштето на Универзална сала додека го пијам утринското кафе во Броз.

Печати
music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива