Написи

Press & Play

Книга од Ненад Георгиевски

Press & Play
Неодамна (21.Јули.2020) беше промовирана книгата „Press & Play“ од Ненад Георгиевски.

Спрегата медиум-изведувач-автор

Интервју со Александар Ристовски

Спрегата медиум-изведувач-автор

Во идејата да го овозможиме медиумскиот простор што го зафаќа Регистарот за претставници од музичката фела погодени од новата реалност поврзана со ковид-19, последниве месеци сме во потрага по соговорници што ќе ја раскажат сопствената приказна и ќе ги споделат нивните ставови за прашања поврзани со музичките настани, музичката индустрија и интересот за домашната музика.

Во пописот на личности што ги контактираме за краток разговор на теми поврзани со претходно споменатите аспекти од музичкиот живот во нашето општество се наоѓа и Александар Ристовски - Принц. Убедувањето е дека за познавачите на домашните прилики на темата, желбата за дискусија со А. Ристовски нема да биде изненадување. За останатите и како крај на прологот за ова кратко интервју, ќе напишам дека Ристовски е музички автор и кант-автор што има што да каже за музичките прилики во нашето општество, кој воедно е и актуелен претседател на здружанието на автори на музички дела - „Шпато“.

Музички настапи со посебен протокол

Интервју со Никола Перевски - Пере

Музички настапи со посебен протокол

По објавување на протоколот за организирање музички настани во службен весник, составот „Нокаут“ го одржа својот прв настап по пауза од 4 месеци.

Имав прилика да му поставам неколку прашања на фронтменот на Нокаут, Никола Перевски - Пере.

Музичките настани во време на ковид-19

Интервју со Лина Угриновска и Тејка Васиљевиќ

Музичките настани во време на ковид-19

Летниот период од годината во основа е период во кој луѓето малку забавуваат со животното темпо. Луѓето си прават оддишка од животните трки што ги имаат преку остатокот од годината. Летото е вистинско време за интензивно консумирање содржини од доменот на културата, што пак за работниците и организаторите од ивент индустријата, музичките промотори, музичарите и изведувачите значи полни раце работа.

Поради вирусот (не сакам ни името да му го напишам) имаме вонредна ситуација што создаде нова нормалност за сите. Ништо по различно не е ниту за оние што придонесуваат во организација на културно-забавниот живот во нашето општество.

Среќен сум што имав можност да испратам неколку прашања и да добијам одговори од Теодора Васиљевиќ – Тејка (претседател на здружението на концертни промотори) и Лина Угриновска (претставник на Пасворд продукција) на тема поврзана со организирање музички настани.

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020
датум: 22-24.07.2020
локација: Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола
почеток: 21:00ч
влез: 100ден.
организатор: ЦКД Битола, Локум Фест


И Цорона и бура да коси , песна мора да има.
14-то издание на Локум фест-музика и традиција
22-24 Јули 21.00
Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020
датум: 22-24.07.2020
локација: Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола
почеток: 21:00ч
влез: 100ден.
организатор: ЦКД Битола, Локум Фест


И Цорона и бура да коси , песна мора да има.
14-то издание на Локум фест-музика и традиција
22-24 Јули 21.00
Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020
датум: 22-24.07.2020
локација: Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола
почеток: 21:00ч
влез: 100ден.
организатор: ЦКД Битола, Локум Фест


И Цорона и бура да коси , песна мора да има.
14-то издание на Локум фест-музика и традиција
22-24 Јули 21.00
Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола

Независните професионални инструменталисти и изведувачи во времето на ковид-19

Интервју со Ѓоко Џоле Максимовски

Независните професионални инструменталисти и изведувачи во времето на ковид-19

Без сомнение, во колективната меморија на човештвото, 2020 година ќе остане запомнета како година на пандемија предизвикана од вирусот ковид-19 (COVID-19).

По неколку месеци вонредна состојба во која нема музичи настапи, група инструменталисти и луѓе кои се дел од музичката заедница се организираа за да ја согледаат сопствената позиција во која се нашле и да се обидат во изнаоѓање решенија за нивните актуелни проблеми поврзани со таа вонредна состојба.

Еден од членовите на иницијативниот одбор е и Џоле Максимовски - инструменталист.

[Скопје] [Настап] Nokaut Unplugged

[Скопје] [Настап] Nokaut Unplugged
датум: 10.07.2020
локација: Intermezzo Music Bar(Митрополит Теодосиј Гологанов 65, Скопје)
почеток: 20:00ч
влез: 500ден.
организатор: Nokaut Unplugged



Предолго го чекавме денот кога ќе и се вратиме на сцената.

Конечно на 10 јули Нокаут со настап во Intermezzo Music Bar! Публика во строго ограничен број и со сите неопходни мерки за 

заштита!

Физички дистанцирани, но емотивно поблиски од кога и да е!

Најпопуларни изданија за јуни 2020

Месечен статитички извештај за месец јуни 2020

Најпопуларни изданија за јуни 2020

Иницијативата именувана како ВБУ Музички регистар има за цел да евидентира податоци за музички изданија од Македонија. Тоа е само една од активностите што ги има иницијативата.

Покрај евидентирањето на изданијата и нивно презентирање на јавноста преку различни функции, Регистарот го интересиаат и статистичките показатели поврзани со изданијата.


music nonstop today
«јули 2020 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
293012345
6789101112
13141516171819
20212223242526
272829303112
3456789

Архива