датум: 28.05.2019
локација: МКЦ (Кеј Димитар Влахов 15, 1000 Скопје)
почеток: 20:00ч
влез: 200ден./300ден.
организатор: Puka Band Brooka
Прв самостоен концерт на
БРУКА https://www.muzichkiregistar.com/AuthorDetails.aspx?id=23547
Драги пријатели и почитувачи на нашето музичко патешествие, ве покануваме на 28 мај, вторник во младинскиот културен центар - МКЦ, во денсинг салата заедно да уживаме во концертната промоција на нашиот прв албум "До преѓе".
Ние од наша страна ќе подготвиме двочасовно, музичко, автохтоно, македонско реге, позитивна вибрација и многу изненадувања, од вас се очекува да дојдете и да уживате во звукот и атмосверата на единствената група БРУКА која ќе се представи во полн состав : два вокали, гитара, бас, бубањ, перкусии, клавијатури, труба, алт сакс, тенор сакс, тромбон, ќе се свират песните од нашиот прв албум но и некои нови од престојниот втор кои се во процес на создавање. Секако ќе има и поддршка од неколку диџеи како и специјални гости музичари кои биле и се дел од ова наше битисување.
Билетите во предпродажба можете да си ги набавите на билетарата во МКЦ по цена од 200 денари, додека на самиот ден на концертот ќе изнесуваат 300 денари.
Наскоро повеќе инфо за самиот концерт и изненадувањата кои ќе бидат засладувачи, да се зачини дополнително нашето дружење.
ЏА БЛЕС