Години наназад локалната хип хоп сцена нуди различен звук и стил од повеќе автори. Секој од авторите или групите сочинети од поедини автори имаат свој пат на развој, имаат свој стил, своја филозофија, имаат свој начин преку хип хоп музиката да ја пренесат својата порака, имаат своја „борба“.
Антонио Арангеловиќ – Tonyo San е хип хип автор и изведувач што низ годините изградил специфичен стил на изведба кој не би сакал да го претставувам во ова интервју, од проста причина што тој произведува приказни што ги раскажува во хип хип формат преку десет години.
Борбата е есенција во овој свет, па така, во ова интервју ме интересира „борбата“ на Тонио Сан (Tonyo San).