Ковид19 го смени Светот засекогаш. Никогаш повеќе нема да биде како порано. Никогаш повеќе нема да биде исто.
Многу индустриски гранки ја запреа својата работа. Некои од бизнисите го сведоа функционирањето на минимум.
Една од заедниците што е погодена, е и онаа што живее од музичките настапи и настани. Со години изведувачите и музичарите кои решиле да се посветат на таа професија, основниот прилив на средства го имаат од настапите, концертите и свирките. Со новините што му ги приреди вирусот Ковид19 на човештвото, настаните не се одржуваат веќе неколку месеци.
Домашната музичка заедница се организира и размислува за тоа како да продолжат во ново-настанатите услови со нивните професионални активности, што за некои од нив значат егзистенција.
Група од музичката заедница артикулираше конкретни предлози за враќање на музичките настани со назив „Музика-Сега!!!“. Отвореното писмо до Владата на Република Северна Македонија е веќе напишано.