датум: 25.12.2018
локација: Центар за обука ЕВА (29 Ноември, бр.60, Скопје)
почеток: 19:00ч
организатор: Центар за обука ЕВА
Новогодишна хуманитарна манифестација
КОНЦЕРТ и ИЗЛОЖБА
Ноќ на музиката, уметноста, убавината, фотографијата и хуманоста е пред нас.
На 25-ти декември, Големата сала на Факултет за музичка уметност ќе биде новогодишно осветлена од искрени насмевки, ликовни и фотографски дела и озвучена од музички ноти на љубов и радост.
Студентите од ЕВА ќе свират, пеат, изложуваат свои дела и ќе го заокружат својот едукативен процес ставајќи ги во благородна функција својот перформанс и труд.
Секој јавен настан на ЕВА е со хуманитарен карактер, а овојпат решивме да собереме средства за родителите кои без партнери се грижат за своите деца, за самосилните и самохрабрите. Со посетување на изложбата и концертот на ЕВА на влез донирате најмалку 100 денари кои ќе израдуваат нечие дете. Оваа инцијатива е со поддршка на One Can / Една може.