Написи

Македонска музика 2020

Најомилени 40 изданија за 2020 година

Македонска музика 2020

Крајот на годината е секогаш добар период за да се погледне наназад во изминатите 12 месеци и да се сумираат впечатоците.

Тимот на ВБУ Музички регистар и дел од неговите пријатели ги одбраа најомилените 40 изданија објавени во 2020 година.

Со многу љубов за сите учесници во создавањето на домашната музика. 


Темелно преслушување на „I don't know your name“

Андреа Коевска има нов сингл

Темелно преслушување на „I don't know your name“

Денеска, 15.декември.2020 е објавен новиот сингл на Андреа (Andrea)

Ова е втор нејзин сингл за високи дострели. Песната се вика „I don’t know your name“, во превод „Не го знам твоето име“.

Тафталиџе шафл (Taftalidze Shuffle)

Новиот албум на Влатко Стефановски

Тафталиџе шафл (Taftalidze Shuffle)

На адресата на Регистарот стигнува порака од претставникот на Кроација рекордс (Croatia Records) за односи со јавност во Македонија, со информација дека Влатко Стефановски има нов албум.
Ова за мене значи дека наредните неколку недели албумот „Taftalidze Shuffle“ ќе биде преслушуван во континуитет. 

Албумот го преслушав барем 30 часа. Сега може да напишам некој збор за мојата перцепција на „Taftalidze Shuffle“.

Гонџа Манаковска (Gonxha Manaku)

Копање по музичката историја

Гонџа Манаковска (Gonxha Manaku)
На адресата на Регистарот сѐ повеќе стигнуваат различни пораки што значат информации, барања, поздрави со поддршка за она што го работиме. Да не се правиме многу важни (или што би рекле младите: ШТО СЕ ФЛЕКСАШ!?), има и по некое осуетување со придавки за Регистарот што се расфрла со разни гениталии, гео претставки од рурални средини лоцирани на југо-истокот на земјава. А имаше и еден случај што не прогласи за умрено, уште пред да се размафтаме. Но има и по некоја многу интересна порака и барање од време на време.

Список на песни за престојниот Макфест

35 години Макфест

Список на песни за престојниот Макфест

Утре, сабота 19.09.2020 е натпреварувачката вечер на Макфест. Ние сме спремни за утрешниот ден. Списокот на песни е веќе евидентиран.

Програмата на овој Макфест за нас е интересна. Што ни е интересно? Повеќе работи. Колку за пример, еве една:

Григор Копров e кант-автор на една од песните на престојниот триесет и петти Макфест. Според нашиот есап, Копров како изведувач последен пат бил 1973 година на изданието „Ti voliš opet nekog“.

Незнаеме за тебе, ама нас живо не интересира како ќе звучи и изведбата на овој навистина плоден музички автор.

Ние искрено се надеваме дека ќе може да го слушнеме и ѕирнеме тоа преку оградата, оти организаторот не стигна да ни ја потврди побараната акредитација.

И за крај на овој пост, доза обложувачки ентузијазам.

Наш фаворит во утрешната натпреварувачка вечер е Ѓоко Танески. Последниот сингл на Танески „Една љубов имам“ чии автор е Никола Мицевски нас ни се допаѓа многу. Мицевски е автор и на „Ден по ден“ песната на Танески за престојниот Макфест. Значи! Цел влог оди на песна бр. 22.

Останете наштимани!

Музика нон-стоп

Третман на музиката во ХоРеКа секторот

Музика нон-стоп

Моето убедување е дека не постои човек што нема интерес за слушање музика.

Некои тоа го прават почесто, а некои пак поретко и во специфични ситуации. Некои музиката ја слушаат, други пак ја консумираат како дополнување на забавата на која се нашле. Сите понекогаш ја слушаме и кога не сакаме.

Музиката е добар прилог за различни ситуации што може да придонесе за тие да бидат одлично искуство. Но, од друга страна таа може и да го расипе моментот.

Сакале ние или не, најголем дел од нас, среќниците, на кои ни функционира сетилото за слух (едно од петте основни сетила кај луѓето) консумираме звуци и музика.

Press & Play

Книга од Ненад Георгиевски

Press & Play
Неодамна (21.Јули.2020) беше промовирана книгата „Press & Play“ од Ненад Георгиевски.

Спрегата медиум-изведувач-автор

Интервју со Александар Ристовски

Спрегата медиум-изведувач-автор

Во идејата да го овозможиме медиумскиот простор што го зафаќа Регистарот за претставници од музичката фела погодени од новата реалност поврзана со ковид-19, последниве месеци сме во потрага по соговорници што ќе ја раскажат сопствената приказна и ќе ги споделат нивните ставови за прашања поврзани со музичките настани, музичката индустрија и интересот за домашната музика.

Во пописот на личности што ги контактираме за краток разговор на теми поврзани со претходно споменатите аспекти од музичкиот живот во нашето општество се наоѓа и Александар Ристовски - Принц. Убедувањето е дека за познавачите на домашните прилики на темата, желбата за дискусија со А. Ристовски нема да биде изненадување. За останатите и како крај на прологот за ова кратко интервју, ќе напишам дека Ристовски е музички автор и кант-автор што има што да каже за музичките прилики во нашето општество, кој воедно е и актуелен претседател на здружанието на автори на музички дела - „Шпато“.

[Охрид][концерт] Нокаут unplugged exclusive concert

[Охрид][концерт] Нокаут unplugged exclusive concert

Концерт на „Нокаут“.
Локација: Античкиот театар во Охрид.

Музички настапи со посебен протокол

Интервју со Никола Перевски - Пере

Музички настапи со посебен протокол

По објавување на протоколот за организирање музички настани во службен весник, составот „Нокаут“ го одржа својот прв настап по пауза од 4 месеци.

Имав прилика да му поставам неколку прашања на фронтменот на Нокаут, Никола Перевски - Пере.

Музичките настани во време на ковид-19

Интервју со Лина Угриновска и Тејка Васиљевиќ

Музичките настани во време на ковид-19

Летниот период од годината во основа е период во кој луѓето малку забавуваат со животното темпо. Луѓето си прават оддишка од животните трки што ги имаат преку остатокот од годината. Летото е вистинско време за интензивно консумирање содржини од доменот на културата, што пак за работниците и организаторите од ивент индустријата, музичките промотори, музичарите и изведувачите значи полни раце работа.

Поради вирусот (не сакам ни името да му го напишам) имаме вонредна ситуација што создаде нова нормалност за сите. Ништо по различно не е ниту за оние што придонесуваат во организација на културно-забавниот живот во нашето општество.

Среќен сум што имав можност да испратам неколку прашања и да добијам одговори од Теодора Васиљевиќ – Тејка (претседател на здружението на концертни промотори) и Лина Угриновска (претставник на Пасворд продукција) на тема поврзана со организирање музички настани.

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020
датум: 22-24.07.2020
локација: Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола
почеток: 21:00ч
влез: 100ден.
организатор: ЦКД Битола, Локум Фест


И Цорона и бура да коси , песна мора да има.
14-то издание на Локум фест-музика и традиција
22-24 Јули 21.00
Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020
датум: 22-24.07.2020
локација: Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола
почеток: 21:00ч
влез: 100ден.
организатор: ЦКД Битола, Локум Фест


И Цорона и бура да коси , песна мора да има.
14-то издание на Локум фест-музика и традиција
22-24 Јули 21.00
Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020

[Битола][Фестивал] Локум Фест 2020
датум: 22-24.07.2020
локација: Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола
почеток: 21:00ч
влез: 100ден.
организатор: ЦКД Битола, Локум Фест


И Цорона и бура да коси , песна мора да има.
14-то издание на Локум фест-музика и традиција
22-24 Јули 21.00
Магнолија и Пацио- НУ Завод и Музеј Битола

Независните професионални инструменталисти и изведувачи во времето на ковид-19

Интервју со Ѓоко Џоле Максимовски

Независните професионални инструменталисти и изведувачи во времето на ковид-19

Без сомнение, во колективната меморија на човештвото, 2020 година ќе остане запомнета како година на пандемија предизвикана од вирусот ковид-19 (COVID-19).

По неколку месеци вонредна состојба во која нема музичи настапи, група инструменталисти и луѓе кои се дел од музичката заедница се организираа за да ја согледаат сопствената позиција во која се нашле и да се обидат во изнаоѓање решенија за нивните актуелни проблеми поврзани со таа вонредна состојба.

Еден од членовите на иницијативниот одбор е и Џоле Максимовски - инструменталист.

[Скопје] [Настап] Nokaut Unplugged

[Скопје] [Настап] Nokaut Unplugged
датум: 10.07.2020
локација: Intermezzo Music Bar(Митрополит Теодосиј Гологанов 65, Скопје)
почеток: 20:00ч
влез: 500ден.
организатор: Nokaut Unplugged



Предолго го чекавме денот кога ќе и се вратиме на сцената.

Конечно на 10 јули Нокаут со настап во Intermezzo Music Bar! Публика во строго ограничен број и со сите неопходни мерки за 

заштита!

Физички дистанцирани, но емотивно поблиски од кога и да е!

Најпопуларни изданија за јуни 2020

Месечен статитички извештај за месец јуни 2020

Најпопуларни изданија за јуни 2020

Иницијативата именувана како ВБУ Музички регистар има за цел да евидентира податоци за музички изданија од Македонија. Тоа е само една од активностите што ги има иницијативата.

Покрај евидентирањето на изданијата и нивно презентирање на јавноста преку различни функции, Регистарот го интересиаат и статистичките показатели поврзани со изданијата.


Детска ТВ серија „Зоки Поки“

Посебни песнички за секоја епизода

Детска ТВ серија „Зоки Поки“

Незнам за тебе, но ние се радуваме на содржина креирана од домашната продукција. Особено кога тоа е добро направено. Изминатиов период се прикажуваше детски ТВ серијал за познатата лектира „Зоки Поки“. Одлично направена играна ТВ серија за децата. Се прикажаа 10 епизоди, а за секоја епизода има посебна песна.

Музика-Сега!!!

Иницијатива на музичарите и музичките работници за итно враќање на музичките настапи

Музика-Сега!!!

Ковид19 го смени Светот засекогаш. Никогаш повеќе нема да биде како порано. Никогаш повеќе нема да биде исто.

Многу индустриски гранки ја запреа својата работа. Некои од бизнисите го сведоа функционирањето на минимум.

Една од заедниците што е погодена, е и онаа што живее од музичките настапи и настани. Со години изведувачите и музичарите кои решиле да се посветат на таа професија, основниот прилив на средства го имаат од настапите, концертите и свирките. Со новините што му ги приреди вирусот Ковид19 на човештвото, настаните не се одржуваат веќе неколку месеци.

Домашната музичка заедница се организира и размислува за тоа како да продолжат во ново-настанатите услови со нивните професионални активности, што за некои од нив значат егзистенција.

Група од музичката заедница артикулираше конкретни предлози за враќање на музичките настани со назив „Музика-Сега!!!“. Отвореното писмо до Владата на Република Северна Македонија е веќе напишано.

Нека се шири приказната за домашната музика

Договор за соработка со „Јади Бурек“ и Јанко Илковски

Нека се шири приказната за домашната музика

Денес е петок, а петок е ден за... веќе знаеш за што е петок. Петок е ден за уметност. За нас петок е ден за музика. Па еве, да те информираме за една нова договорена соработка што ја договоривме неодамна со тимот на „Јади Бурек“ и Јанко Илковски.

music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива