Написи

Спрегата медиум-изведувач-автор

Интервју со Александар Ристовски

Спрегата медиум-изведувач-автор

Во идејата да го овозможиме медиумскиот простор што го зафаќа Регистарот за претставници од музичката фела погодени од новата реалност поврзана со ковид-19, последниве месеци сме во потрага по соговорници што ќе ја раскажат сопствената приказна и ќе ги споделат нивните ставови за прашања поврзани со музичките настани, музичката индустрија и интересот за домашната музика.

Во пописот на личности што ги контактираме за краток разговор на теми поврзани со претходно споменатите аспекти од музичкиот живот во нашето општество се наоѓа и Александар Ристовски - Принц. Убедувањето е дека за познавачите на домашните прилики на темата, желбата за дискусија со А. Ристовски нема да биде изненадување. За останатите и како крај на прологот за ова кратко интервју, ќе напишам дека Ристовски е музички автор и кант-автор што има што да каже за музичките прилики во нашето општество, кој воедно е и актуелен претседател на здружанието на автори на музички дела - „Шпато“.

ВБУ: Веќе петти месец живееме една нова нормалност што ја донесе ковид-19. Последните 2 месеци изведувачите, инструменталистите и концертните и музичките промотери се мобилизираа за да ја артукулираат актуелната состојба и за да изнајдат решенија за новата нормалност.
Александар Ристовски до сега бил во неколку иницијативи поврзани со музичкиот домен и секогаш имал што да каже во дадениот контекст на темата музика, општествените девијантни појави, музичката индустрија и медиумите.
Можеби директно како изведувач или инструменталист не те погаѓа ситуацијата во која музичките настапи беа прекинати на подолг период (последниве недели има регулатива што дозволува нивно случување под одредени услови), но и покрај тоа ќе те замолам да ја коментираш ситуацијата во изминативе месеци од перспектива на претставник од музичката заедница/фела.

АРП: Па бев погоден прилично. Со проектот Фам фатал имавме закажано 12 концерти низ Македонија, во културните центри, театри и слични објекти, кои моравме да ги откажеме. Всушност не ни стигнавме да објавиме дека се договорени. Можни се многу работи и идеи има, но сум кренал раце дека идеите може да имаат среќен крај во оваа земја на апсурд и ноторни алчности. Пропуштени се генерации, џабе и да зборуваш, на друга фреквенција се. Газди на локали, организатори и одговорни за културни настани по општините, се најпросељачени индивидуи кои сеат семиња на шунд за генерациите кои доаѓаат.

ВБУ: Кога би имал можност да располагаш со околу 100 милиони евра годишен буџет за култура, во што би ги инвестирал?

АРП: Да бидеме реални, да не губиме време на неостварливи ствари. Ние и да имаме 100 М евра, ментално не сме способни да ги инвестираме у уметност. Ќе се самоубиеме од јанѕа дека сме ги фрлиле парите у ваздух. Значи ни хипотетички не сме способни да распределиме толку пари, едино што ќе израчунаме провизииче одма.

ВБУ: Уште еден сервис за преслушување и превземање музика (музичка е-продавница) стана достапна на територија на нашата држава. Од позиција на автор и кантавтор, колкава е придобивката од достапност на „Спотифај“ (Spotify) за нашите сограѓани, овозможено неодамна?

АРП: Добра е секоја достапност, но на крајот од денот авторот тука нема ништо од тоа, трошки. Не сум сигурен и изведувачите дека некое поголемо фајде ќе најдат. Тој што сака да те најде, ќе те најде. Проблемот е што тука духот на народот е утепан, па ни Спотифај ни Свети Спотифај нема да ти ја направи песната хит. На радијата на имеил да им ја пратиш песната директно, па нема да ја симнат, а не па да ја бараат онлајн. Светски ѕвезди, па заработиле ситниш од тие платформи, камо ли ние.

ВБУ: Како ја цениш актуелната состојбата на спрегата медиуми, изведувачи, музички автори?

АРП: Многу едноставно. Музика има!!! Проблемот е во уредувачката политика, или да поедноставам, немањето кадар кој ќе детектира, уредува и стимулира добра музика. Дибидус тотален. Пред очи им е се, а слепи се на квалитетните (нови) артисти. Порано, се знаеше бре кој може да е диџеј у кафич, дечко наслушан музика, со 1000 винили дома. Луѓе со кои сакаш да се дружиш и муабет да направиш. Овие денес што ни пласираат музичка култура по радијата и клубовите, ограничено бре на површен поп или најшлајмот од соседството. Да не зборам дека денес и плејлистите се лажираат заради авторските тантиеми.

Печати
Категории: Интервју
Оцени го написот:
5.0
music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива