Ми текнува на „
Во полн ефект“, поточно на видео спотот за оваа песна. Во најмала рака интересно направен видео спот (нешто ново и поразлично на тогашната домашна музичка сцена), а телевизијата уште еднаш се потврди како моќен медиум преку кој јас разбрав за
Тони Зен.
Пет албуми. Два на „Урбана Димензија“ и три на
Тони Зен. Последниот албум на Тони Зен со назив
„Микро скопски организми“ е промовиран некаде во Октомври 2013. На овој албум се наоѓа
„под контрола“.
Оваа песна е изненадување за мене. Не очекував дека некој со толкава присутност на нашите медиуми и популарност ќе направи песна преку која ќе пренесе видување, а резултатот од тоа ќе биде како да си ја сечеш гранката на која седиш.