Утре, четврток 24.12.2015 е ден кога Нокаут ќе го реализира својот трет голем концерт изминативе неколку години. Најава за малку поразличен коцепт од последните два концерта. Овој пат нема unplugged, што значи појачалата ќе бидат гласни. Локацијата е салата „Борис Трајковски“, што значи нема интимен и топол амбиент, значи ќе треба да се очекува жесток настап, барем такви се моите очекувања.
Во желба и потрага по инфромации за тоа што може да очекуваме сите оние што планираме утре да го посетиме концертот, го побаравме фронтменот на Нокаут, Пере за да дознаеме што се подготвува. На мое големо задоволство, Пере беше расположен да одговори на неколку прашања.