датум: 10-12.09.2021
локација: Мегалитска опсерваторија Кокино
почеток: 17:00ч
влез: слободен
организатор: Password Production
Третото издание на мултимедијалната културна манифестација КОКИНО – Тврдина на сонцето ќе се одржува годинава и тоа прв пат со тридневна програма до 10 до 12 септември, на локацијата на мегалитската опсерваторија Кокино.
Концерти, едукативни работилници, видео инсталации, предавања, туристички прошетки, дебати, изложби, театар – сѐ од КОКИНО: Тврдина на Сонцето.