Написи

[Скопје][Фестивал] Звуците на чаршијата

Event date: 16.9.2021 20:00 - 22:00 Export event

[Скопје][Фестивал] Звуците на чаршијата
датум: 15-17.09.2021
локација: Куршумли Ан (Стара скопска чаршија)
почеток: 20:00ч
влез: /
организатор: Културно-информативниот центар – Скопје


Во старото градско јадро на Старата скопска чаршија на 15, 16 и 17 септември, во организација на Културно-информативниот центар – Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел, веќе неколку години, е да ја заживее чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовни изложби и презентација на стари занаети.
Манифестацијата почнува на 15 септември (среда), во 20 часот, во Куршумли-ан со повеќе настани од кои централен е концертот на „Тројца тенори“, трио што го сочинуваат Јосиф Ѓипали, Кастриот Туша и Мустафа Имери. Настапува и Оркестарот на МОБ. Истата вечер ќе се одржи и гала-концерт насловен „Вечер на лирски песни“, како и меѓународна изложба „Арт симпозиум – Струга“.
На 16 септември активностите почнуваат во 12 часот на пладне со настаните: „Улични музичари“, „Две флејти“, концерт на соло гитара и концерт на гудачки квартет. Од 16 часот ќе се одржат литературните манифестации „Секоја калдрма со своја приказна“ и „Поетски бисери“ и концерт и промоција на компакт-диск. Почнувајќи од 19 часот, на плоштадот „Скендербег“, концерти ќе одржат: Амар, Леонора Полоска и Бенд, Лаура Карлиу и Шпенд Латифи и Бенд, ATA Бенд, Валон Сума и Бенд.

Печати
Категории: Настани
Оцени го написот:
Нема оценка
music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива