датум: 13.03.2019
локација: Кино Фросина (МКЦ, Кеј Димитар Влахов 15, 1000 Скопје)
почеток: 18:30ч
влез: слободен
организатор: Skopje Drum Talks
Skopje Drum Talks Ви ја претставува првата Drum клиника! Ја имаме честа да ни презентираат:
Гоце Стевковски (ВБУ профил) низ годините се филтрира како еден од најистакнатите македонски тапанари и перкусионисти во Македонија. Запаметен по соработката со Кирил Џајковски, Леб и сол, Архангел, Ласт експедишн, Проект жлуст, ДНО, Коџабашија, Фолтин, Бодан Арсовски и Езгија оркестра, Шаревски Квартет, Зоран Маџиров и останатите, Стевковски во 2013 година се издигнува на повисоко ниво компонирајќи го својот деби албум насловен 7 Stories заедно со повеќе етаблирани македонски музичари во проектот едноставно именуван Гоце Стевковски Септет. Инаку Стевковски досега учествувал на голем број интернационални фесивали како што се Егзит, Пиво фест во Белград, Грин фест во Индија, Загреб, Умбрија Џез Белград, Клузоне џез фестивал Италија, Париз – Франција и други фестивали низ Европа, настапи во Опера хаус Канада, има соработувано на голем број проекти и работилници, театарски претстави и музика за филмови.
Дино Милосављевиќ (ВБУ профил) e роден во Скопје 1974 и е активен самоук тапанар на македонската музичка сцена од раните 90-ти. Тој е дел од Влатко Стефановски Трио со кое има настапувано низ Европа, САД и Канада.
Дино има соработувано со врвни и познати артисти како Калиопи, Кирил Џајковски, Стефан Миленковиќ, Теодоси Спасов, Јан Акерман, Анастасија, Мугер Фугер, Стен Скиби, Раде Шербеџија, Бајага, Зоран Предин, Џибони, Владимир Василевски – Четкар, Ласт екпедишн, Каролина Гочева, Меморија и Суперхикс, Sethstat, Kabadayas, Beneventan trio и Alsar Kodjabasija.
Михаил Парушев (ВБУ профил) е композитор и свири перкусиони инструменти. Роден е во Скопје во 1976 година во семејство на музичари. Сега е член на меѓународно признат музички бенд „Леб и сол“.
Во 1990 година е прогласен за најдобар тапанар на Скопскиот рок фестивал. Истата година се запишува во музичката школа „Илија Николовски Луј“ за да ги проучи класичните перкусиони инструменти. Михаил Парушев завршил Класична музичка на Факулетот за музички уметности во Скопје.
Тој сега компонира своја музика.
Почнувајќи од 1989 година до денес, тој работи во светот со многу меѓународни професионалци.
Дискографија: SETH – SETH MAKE SENCE, ARHANGEL arhangel II , V.ST.Trio , Vladimir Maras band – pod kamenom