Нашето убедување е дека е многу тешко да се каже кои изданија се најдобри. Овој епитет изданијата треба да го заслужат по сериозна анализа и дефиниран строг и прецизен критериум за оценување, што во оваа прилика ние нема да го направиме.
Поради тоа, овој пат ја нудиме нашата листа на изданија што нам ни беа омилени во 2017-та година, а кои беа издадени истата таа (изминатата) година.
Оваа година ние евидентиравме 515 музички изданија од домашната музичка продукција. Евидентирањето продолжува и во 2018 година на новите, но и на старите изданија, вклучително и на оние што ги пропуштивме минатата години, а беа издадени во истата.