датум: 12-14.08.2022
локација: Битола
почеток: /
влез: /
организатор: OXO communications
🔵 Магнитудата на релевантност на Виа Егнација за нашиот регион е речиси немерлива. Овој пат имал директно влијание врз вековната ефлоресценција на регионот, во секоја смисла на зборот.
🔵 Сите антички римски патишта на Балканот или потекнувале од, или се надоврзувале на Виа Егнација, па така Македонија со право се сметала за една од главните крстосници во Римската империја. Сите новитети кои се носеле од Азија до Европа и обратно, поминувале токму од тој пат и несомнено оставиле длабоки траги, материјални и духовни, чие што милениумското присуство се чувствува и денес.
🔵 Целта на овој фестивал е одново да ги открие тие духовни траги, но исто така и да воспостави нов отворен простор, како шанса за создавање и оставање нови траги, преку создавање и креирање уметност, во најшироката возможна смисла на зборот - музика, сликарство, филм, театар и култура на живеење.