Во јули 2022 евидентиравме нови 101 песна објавени во 61 изданија (55 синглови, 4 албуми и 2 проширени изданија (EP)).
Во јули бендот Sound Impulse го објави албумот „All Gone“. Омилена песна од овој албум нам ни е песната „Bleeding“.
Тоби (Toby) во јули објави два сингла „Control“ и „Got it all“. И двата сингла според нашиот вкус се одлични, но со „Got it all“ Тоби растури!
По синглот „Breeding ground for blues“ објавен во јуни, In the Mood објавија нов сингл во јули кој се вика „Little to be happy“. Ова е повик за љубителите на блуз музиката да се мобилизираат за преслушување на овие два сингла. Тие се наша препорака доколку ви се допаѓа блузот.
Младата Благица Ѕунѕуровска во јули ја објави „Види ме“.
Музичката група Вел објави нов сингл со назив „Мерзост“.
Ламбе по подолго време повторно објави сингл. Овој пат соработува со Александар Тарабунов кој е автор на песната „На чекор од брегот“ во која се препознава музичката инспирација и влијание од латино музиката што го има Тара веќе некое време.
Искра имаат нов сингл, „Турбо“. Одлична електро-рок трака. Искра со секое нивно издание одново и одново пријатно не изненадува. Кога ја слушаме оваа песна по малку не асоцира и на музика за видео игра и времињата во кои флиперите како форма на забава беше популарна.
Галоски одличен како и секогаш. Во јули тој го објави синглот „Feel the vibe“ кој е работен заедно со SQWAD. Одлична клубска трака.
Суперхикс во јули објави нов сингл во кој овој пат може да се слушна гласот на гитаристот Борис Минов, а не на Петар Младеновски - Пеце на што обично сме навикнати. Песната се вика „Крута“.
Во јули нова песна објави и Тамара Волческа. Песната се вика „Choosing you“. За оние кои се во некаков севдах, ова е вистинската песна за урамнотежување на емоциите. Многу допадлив сентиш. Волческа одлична во нејзината изведба.
„Hellboy“ од Pluto's Doubts е нивниот нов сингл објавен во јули. Дилемите или сомнежите на Плутон и нивните изданија се жива поезија. „Hellboy“ не е ништо поразлично. Преслушајте ја оваа поп-рок трака, ќе ве освежи.
OKI има нов сингл со назив „Gango“.
Од објавените изданија во јули 2022 ние одбравме десет песни што се дел од јулската ВБУМР ТОП 10.
Синглови
Во јули 2022 евидентиравме 55 ново издадени сингл изданија.
За јули 2022 би сакале да посочиме на неколку синглови што нам ни го задржаа вниманието (читај континуирано преслушување):
Демографија на изданијата по музички жанрови
Овој месец дистрибуцијата на изданија по носечките музички жанрови е следна: популарна (35%), рок (19%), електронска музика (19%), хип-хоп (8%), театарска/филмска музика (5%), фолк (5%) (91% од објавените музички изданија во јули 2022).
Најгледани содржини (активност на посетители на нашиот вебсајт)
Трендот на посетеност на веб-сајтот на ВБУ Музички регистар во јули 2022 е опаѓачки во однос на изминатиот месец.
Во јули 2022 веб сајтот на ВБУ Музички регистар го посетиле 4.014 посетители што е за околу 2.000 посетители помалку од изминатиот месец. Посетителите во јули направиле приближно 30.000 прегледи на страниците на веб сајтот.
Според посетите на веб сајтот на ВБУ Музички регистар во јули 2022, ги одвојуваме најинтересните музички изданија, изведувачи, музички жанрови и учесници (инструменталисти, вокалисти, музички продуценти и останати музички работници).
Најинтересни 3 изданија:
- „Супер ѕвезда 2008“ - Детски фестивал 🥇
- „Супер ѕвезда 2007“ - Детски фестивал
- „Златно славејче 2004“ - Детски фестивал
Најинтересни 3 изведувачи:
- Ванчо Тарабунов 🥇
- Петар Нечовски
- Доријан Длака
Најинтересни 3 музички жанрови:
- Популарна (поп) 🥇
- Фолк
- Рок
Најинтересни 3 учесници во изданија:
- Давид Даниловски - Young Dadi 🥇
- Цветан Настески
- Александар Ристовски - Принц