датум: 23 декември 2019
локација: Македонска филхармонија (Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје)
почеток: 19:00ч
организатор: Мјузикли за деца и младинци - Broadway JR.
Првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци Ени Јуниор, ја раскажува приказната за малото сираче Ени - алегорија за истрајноста, вербата, упорноста и надежта за подобро утре.
Дело, комплетно преведено и препеано на македонски јазик, а изведено од деца и младинци на возраст од 7 до 18 години.
Повелете, слушнете ги извонредните изведби на нашите солисти и хористи на легендарните „Утре“ (Tomorrow), „Тежок живот наш“ (It’s a hard-knock life), и многу други.
Дел од средствата од продажбата на билетите, ќе бидат донирани во хуманитарни цели - во соработка со здруженијата „Проект Среќа” и „Дајте ни крилја”.