Во март 2022 евидентиравме нови 119 песни објавени во 53 изданија (45 синглови, 4 албуми, 2 проширени изданија (EP) и 2 музички компилации).
Во месец март 2022 беше објавен еден инструментален албум со трипхоп и хипхоп музички подлоги што нам ни го привлече вниманието. Се работи за албумот SAXXMATTAZZ од Über Gypsies. Долгите изданија (албумите) се реткост, а ние знаеме да им посветиме внимание кога ќе се појават и да ги преслушаме со должно внимание.
Неуморната и хиперпродуктивната Марга Сол (Marga Sol) објави две нови проширени изданија (EP) во март.
Во март и SeXanDeR има нов сингл заедно со Девојките (D Chicks). Одличен сингл кој иако стилски навидум е за некои други времиња, може да изразиме големо задоволство од возбуда од преслушувањето на Lover undercover. Доколку не сте знаеле SeXanDeR е само уште едно уметничко име/изведувач/проект на Александар Ристовски - Принц. Во називот на неговиот проект SeXanDeR практично се содржи и неговата инспирација во дел од музичките изданија во кои тој се потпишува како изведувач. Комплетно откачен тип кога е на сцената или во неговите аудио-визуелните резултати како изведувач уште од почетокот на кариерата кога во МТВ на ТВ емисијата Пулсирање, носеше свои реквизити за да може да направи несекојдневен перформанс, до последните негови изданија како Lover undercover. Уметник со голем мерак да соработува со колешки што на кај дава привлечен резултат (барем за нас). Во Lover undercover Девојките (D Chicks) одлично парираат.
Илустрациајта (омот) за синглот на Docks со назив Godot го прогласуваме за најодвален омот за музичко издание за март 2022.
Миа Перевска го трасира својот пат како изведувач и музички автор со својот нов сингл Redirection.
Код 369 (Code 369) со објава на новиот сингл Butterflies даваат придонес во содржината на домашната поп-рок продуцкија.
А пак ДНК со уште една соработка во март, со еден од изведувачите од подмладокот на македонските изведувачи. Овој пат соработката е со Таско, а песната се вика Лава. Секој туторијал што може да се најде во морето дигитална содржина достапна преку интернет, за зголемување на публиката и фановите предлага соработки на синглови. Математиката е едноставна. Песната на ДНК и Таско, барем еднаш ќе ја преслушаат и фановите на Таско и оние на ДНК. По политичкиот контекст за последните локални избори, ДНК се враќа на курсот со уште една соработка со млад извеувач што исполнува некои од модерните деривати на хипхопот. За нас нема сомнеж дека ДНК ќе го држи овој курс, прашањето е и во очекување сме за тоа кој ќе биде следен во соработката со ДНК за нивниот нов сингл.
2Бона продолжуваат со нивната динамика на објавување синглови до „финалето“ кога ќе го објават и албумот за кој секоја песна ја објавуваат како сингл. Ако албумот е целина што раскажува приказна во која главни компоненти/елементи се песните како и визуелниот елемент што ја дополнува сликата за видот како сетило преку кое човекот прима информации од околината, да видиме какви информации ќе приберат нашите уши и очи за првиот албум во најава на 2Бона. Или можеби тоа ќе биде само именуван збир од песни што само ќе се брои во списокот издадени албуми и ќе биде производ за продажба, а нема да носи никаква посебна порака, што исто така е легитимно. Нивниот сингл објавен во март 2022 се вика Мон шери (Бонбон) (изворно: Mon Chéri (Bonbon)). До сега, наш фаворите од траките за албумот во најава е синглот Ензо (Enzo).
Од објавените изданија во март 2022 ние одбравме десет песни што се дел од мартовската ВБУМР ТОП 10.
Синглови
Во март 2022 евидентиравме 45 сингл. Во последната четвртина од месецот има пораст на објавувањето на нови сингл изданија.
За март 2022 би сакале да посочиме на неколку синглови што нам ни го задржаа вниманието (читај континуирано преслушување):
Демографија на изданијата по музички жанрови
Овој месец дистрибуцијата на изданија по носечките музички жанрови е следна: популарна (26%), рок (22%), електронска музика (11%), хип-хоп (11%), фолк 7% (77% од објавените музички изданија во март 2022).
Најгледани содржини (активност на посетители на нашиот вебсајт)
Трендот на посетеност на веб-сајтот на ВБУ Музички регистар во март 2022 е во основа не променет, поточно бројот на посетители и број на посети е многу сличен со оној од јануари 2022.
Во март 2022 веб-сајтот на ВБУ Музички регистар го посетиле приближно 5.400 посетители блиску до бројот на посетители од претходниот месец (февруари 2022), кои направиле приближно 29.000 прегледи.
Според посетите на веб-сајтот на ВБУ Музички регистар во март 2022, ги одвојуваме најинтересните музички изданија, изведувачи, музички жанрови и учесници (инструменталисти, вокалисти, музички продуценти и останати музички работници).
Најинтересни 3 изданија:
- Детска фестивал „Поточиња 2021“
- „Под исто небо“ - Александар Тодороски
- „За сите кои ги нема“ - Петар Младеновски, ВИВА Стрингс квартет
Најинтересни 3 изведувачи:
- Поточиња
- Диме Поповски
- Мизар
Најинтересни 3 музички жанрови:
- Детска
- Популарна (поп)
- Фолк
Најинтересни 3 учесници во изданија:
- Давид Даниловски
- Дарко Мијалковски
- Мики Јовановски - Џафер