Во април 2022 евидентиравме нови 73 песни објавени во 47 изданија (42 синглови, 2 албуми и 3 проширени изданија (EP)).
Во април едно од најпријатните изненадувања за нас е „После полноќ“ на Лозано. Музички автор е Лазар Цветкоски, а текстот е на Ена Цветкоска. Според нашиот вкус и критериум, овој пат Цветкоски завршил одлична работа. Ако го држи стилскиот и продукцискиот курс како на овој сингл и во наредниов период, ние предвидуваме одличен материјал за следниот албум на Лозано.
Чоканче е рокерски бенд што беше активен во деведесетите години на минатиот век, а во април 2022 имаат нов сингл со назив „Игра рокенрол цела Македонија“.
„Pharaoh“ е сингл од кумановецот Енигма. Кумановскиот дијалект е како створен за хоп-хоп, а нас ни звучи многу добро. Овој сингл од Енигма буди некаков интерес кај нас и ние сетуваме маркер на Енигма и генерално на кумановската хип-хоп дружина.
Во април нов сингл има и Дарио. Судејќи по текстот на песната чии автор е Дарио но и по прегледаното интервју со него објавено во ТВ музичкиот магазин „Стисни плеј“, делува како да не е среќен од актуелните времиња, па делува и носталгичен по некои минати времиња. Песната се вика „Какви се ова времиња?“.
Ген (Gen) континуирано објавува нови синглови. Синглот на Ген објавен во април се вика „Комета“. И во овој сингл на Ген, Пако (Paco) е аудио инженерот и автор на аранжманот. На Пако веќе имаме маркер за негово следење.
Првиот пик на Gorilla TV, InsertAKick во април ја објавија „Дива“. Нашите малолетни соработници велат дека InsertAKick е еден од најомилените кај младата публика. А ние сакаме исто што и младите.
Климе Ковачески по неколку децении ја „оживеа“ „Трага“ (Trace).
Во април 2022 Next time објавија и препев на „Кога падна на Пирина“, уште една од серијалот преработки на народни песни во модерен аранжман и продукција за која е одговорен музички автор Николче Мицевски. Сингловите од серијалот обработки изведени од Next time секогаш предизвикуваат внимание и различни реакции. Дел од нив имаат и политички контекст, за кои во секоја прилика и Мицевски и браќата од Next time се обидуваат да објаснат дека тие едноставно создаваат музика. Пред да почнеме да правиме анализа во овој контекст и да дадеме наше видување, за што не е наменет овој напис, би сакале да посочиме дека и овој пат реализацијата на музиката, изведбата и видео илустрацијата за „Кога падна на Пирина“ е со висок пред се технички квалитет што не смее да остане не забележано.
Од објавените изданија во април 2022 ние одбравме десет песни што се дел од априлската ВБУМР ТОП 10.
Синглови
Во април 2022 евидентиравме 42 сингл. Во втората половина од месецот има пораст на објавувањето на нови сингл изданија.
За април 2022 би сакале да посочиме на неколку синглови што нам ни го задржаа вниманието (читај континуирано преслушување):
Демографија на изданијата по музички жанрови
Овој месец дистрибуцијата на изданија по носечките музички жанрови е следна: популарна (28%), рок (19%), електронска музика (12%), хип-хоп (11%), фолк 9% (79% од објавените музички изданија во април 2022).
Најгледани содржини (активност на посетители на нашиот вебсајт)
Трендот на посетеност на веб-сајтот на ВБУ Музички регистар во април 2022 е растечки во однос на изминатиот месец.
Во април 2022 веб-сајтот на ВБУ Музички регистар го посетиле приближно 6.000 посетители што е за околу 700 посетители повеќе од изминатиот месец. Посетителите во април направиле приближно 29.000 прегледи на страниците.
Според посетите на веб-сајтот на ВБУ Музички регистар во април 2022, ги одвојуваме најинтересните музички изданија, изведувачи, музички жанрови и учесници (инструменталисти, вокалисти, музички продуценти и останати музички работници).
Најинтересни 3 изданија:
- „После полноќ“ - Лозано 🥇
- „За сите кои ги нема“ - Петар Младеновски, ВИВА Стрингс квартет
- „Ај што мерак имам бабо“ - Јордан Митев
Најинтересни 3 изведувачи:
- Калиопи 🥇
- Игор Џамбазов
- Каролина Гочева
Најинтересни 3 музички жанрови:
- Фолк 🥇
- Популарна (поп)
- Рок
Најинтересни 3 учесници во изданија:
- Давид Даниловски 🥇
- Tolga Mazhar
- Драган Мијалковски
Најпродуктивните учесници во првиот квартал од 2022
Со завршување на април, завршува и првиот квартал од оваа година. Нашата евиденција вели дека аудио продуцентот Лазар Цреткоски е највредниот во првиот квартал на 2022 година.
Ние изброивме 13 изданија во кои Цветкоски учетвувал примарно како музички автор, аудио продуцент и музички аранжер.
Ние имаме едно интимно прашање за Цветкоски: - Лазаре, излегуваш ли од студио понекогаш?
Секоја чест за трудот на Цветкоски за создавање на музички изданија кои доживуваат и милионски прегледи.