Во мај 2022 евидентиравме нови 120 песни објавени во 63 изданија (51 синглови, 3 албуми, 8 проширени изданија (EP) и 1 музичка компилација).
Во мај беше објавен синглот „Paralia“ на кој соработуваат следниве изевудачи од соседна Бугарија V:RGO, EMIL TRF и FYRE, а на кој сингл како изведувач учествува и 2Бона. Одлична дрил (Drill music) трака со многу допадливо флоу (flow).
Foolish Green го објави албумот „Soul Revival“. Одличен албум што навистина заслужува внимание.
Пијан славеј е во креативен килинг спри (killing spree). Во мај тој го објави и го промовираше проширено издание (EP) со истиот назив „Пијан славеј“.
Бојана во мај го објави својот нов сингл со назив „Среќа и несреќа“.
Метал бендот Ламја (изворно: Ламya) го објави истоименото проширеното издание (EP) „Ламya“
Горан Папаз во мај објави уште една инструментална композиција. На оваа композиција како инструменталист учествува Влатко Стефановски. Ова инструментално издание се вика „Овој момент“.
Од објавените изданија во мај 2022 ние одбравме десет песни што се дел од мајската ВБУМР ТОП 10.
Синглови
Во мај 2022 евидентиравме 51 сингл. И овој месец како и претходниот има пораст на објавувањето на нови сингл изданија.
За мај 2022 би сакале да посочиме на неколку синглови што нам ни го задржаа вниманието (читај континуирано преслушување):
Демографија на изданијата по музички жанрови
Овој месец дистрибуцијата на изданија по носечките музички жанрови е следна: популарна (27%), хип-хоп (23%), електронска музика (15%), рок (13%), (78% од објавените музички изданија во мај 2022).
Најгледани содржини (активност на посетители на нашиот вебсајт)
Трендот на посетеност на веб-сајтот на ВБУ Музички регистар во мај 2022 е растечки во однос на изминатиот месец.
Во мај 2022 веб-сајтот на ВБУ Музички регистар го посетиле 9.932 посетители што е за околу 4.000 посетители повеќе од изминатиот месец. Посетителите во мај направиле приближно 37.000 прегледи на страниците на вебсајтот.
Според посетите на веб-сајтот на ВБУ Музички регистар во мај 2022, ги одвојуваме најинтересните музички изданија, изведувачи, музички жанрови и учесници (инструменталисти, вокалисти, музички продуценти и останати музички работници).
Најинтересни 3 изданија:
- „Кој те учи така“ - Лара 🥇
- „За нас“ - Лара
- „Ај што мерак имам бабо“ - Јордан Митев
Најинтересни 3 изведувачи:
- Лара 🥇
- Елена Велевска
- Детски фестивал „Поточиња“
Најинтересни 3 музички жанрови:
- Популарна (поп) 🥇
- Рок
- Евергрин
Најинтересни 3 учесници во изданија:
- Лара Иванова 🥇
- Кокан Пандиловски
- Дијана Дурлевиќ