Вистински мали ѕвезди нè развеселија со нови игри, нови песни, насмевки и радости на големата сцена. Дечињата уживаа и пееја заедно со омилениот Поки. “Поточињата„ приредија големо шоу. Се пееја песнички за „Каде е Поки“, „Запеј ти со нас“, „Светот на Колорес“, „Часовник“, „Стоногалки“, „Мечето Тоби“ „Нула отпад“, „Џунгла“, „Кралот на распустот“...
За омилениот Поки се пееше дека е среќен, вреден, секогаш точен и спремен и за журка најподготвен. Текстот на песничките е на Оливер Пап, а аранжманот и музиката од Мирослав и Оливер Пап. Целиот фестивал е под организација на „Пап продукција“. Уживавме во искрена музичка приказна со вистинска емоција од децата за децата.
Дел од фестивалот може да погледнете на нашиот YouTube-канал,