датум: 27.10.2022
локација: Аудиокултура, Скопје
почеток: 19:30ч
влез: /
организатор: /
"Live at Audiokultura" со Мухамед Ибрахими
Следниот "Live at Audiokultura" (50 guests limited) со Мухамед Ибрахими е закажан за 27 октомври, со почеток во 19:30 часот.
Мухамед е гитарист кој својата гитара ја третира на многу интуитивен и инспиративен начин, свирејќи го спонтано само она што го чувствува и извира дирекно од него.
Неговите композиции се автентична мешавина од повеќе музички стилови во кои сосема природно се спојуваат блуз и рок, но и традиција и сегашност.
Ваквите негови храбри и елегантни комбинации даваат прекрасен звучен пејзаж и импресивна музика која пренесува универзални чувства.
Настапот во живо на Мухамед Ибрахими ќе биде пренесен преку аудио системите на teoharov audio.
Поради лимитираност за само 50 посетители, потврда на резервација е задолжителна.
Напомена: Текстот и фотографијата се преземени од објавата за настанот на фејсбук.