Написи

[Скопје][Фестивал] ЛУЗЕР ФЕСТ 2022

Event date: 27.11.2022 20:00 - 23:30 Export event

[Скопје][Фестивал] ЛУЗЕР ФЕСТ 2022
датум: 27.11.2022
локација: МКЦ (Кеј Димитар Влахов 15, 1000 Скопје)
почеток: 20:00ч
влез: / 
организатор: Taksirat Festival


Лузер Фест - вечерта посветена на новата музика од македонската сцена се враќа повторно во офф-програмата на ТАКСИРАТ како предвесник на главната вечер на Фестивалот. Речиси 20 години оваа фестивалска вечер се одржува ставајќи го фокусот на младите музички изведувачи, давајќи им можност и поттик да ги покажат своите таленти и да продолжат професионално да ја градат својата музичка кариера.🎶
Конкурсот е отворен само за демо изведувачи т.е. групи или самостојни изведувачи со авторска музика кои до сега ја немаат издадено во студиски албум или на било каков официјален носач на звук.
✅Останатите информации околу правилата на учество, се наоѓаат на онлајн формата за пријавување на: https://taksirat.mk/luzer-fest-2022/ ,која е потребно целосно да се пополни најдоцна до 5 ноември.
Од сите пријавени артисти, ќе бидат селектирани финалистите кои ќе настапат во живо на Лузер Фест на 27 ноември во скопскиот Младински Културен Центар.💥
🏆На концертната вечер ќе биде избран и победникот, заеднички според гласовите на публиката и на жирито кое пак се објавува непосредно пред одржувањето на настанот. За најдобриот следува награда - снимање и издавање на студиски албум. Албумот ќе биде снимен во професионално музичко студио, а објавен под етикетата на Пасворд Продакшн.


Напомена: Текстот и фотографијата се преземени од објавата за настанот на фејсбук.

Печати
 
Категории: Настани
Оцени го написот:
Нема оценка
music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива