Во ноември 2022 евидентиравме нови 216 песна објавени во 77 изданија (61 синглови, 11 албуми, 2 проширени изданија (EP) и 3 музички компилации).
Домашните музички автори и изведувачи како да беа паднати во севдах во ноември 2022. Многу тажни љубавни песни беа објавени во овој месец.
Во ноември 2022 Дарио го објави синглот „Ракија“.
И Тајзи (Tyzee) е во севдах али тој своето разочарување го носи на ниво на општество. Ако Дарио ја идентификуваше ракијата како лек за љубовните проблеми и Тајзи ја идентификува ракијата како антидепресив, но тој нуди и поширок спектар на решенија (лекови) за сеопфатната состојба која има многу нелогичности и непрадви што се чини дека Тајзи го тиштат, а и не само него. Тајзи знае да напише добар социјалноангажиран текст. Тој во ноември објави два сингла, „Иронија“ и „Bella Ciao“.
Мејдеи (Maybay) имаат нов сингл. Песната се вика „Блиску до тебе“ и е љубовна рок балада.
Иван Кукиќ објави нов сингл со назив „Balada o jednoj ljubavi“.
Луна (Lunna) објави нов сингл, „Молотов“.
Битолскиот панк-рок бенд Паркети не ги интересираат многу трендовите. Тие си го тераат својот филм. Во низата постапки во однос на музичките изданија што ги објавуваат, „Џири Џити“ е само потврда за тоа.
Red18 по неколку сингла објавени за кратко време го објавија нивниот албум „Red18's Grit“.
Наташа Миха објави нов сингл со назив „Мерлин Монро“.
Продуктивната Марга Сол (Marga Sol) во ноември објави нов албум. Називот на албумот е „Colorize“.
Дамир Пух го објави својот албум „Divergence“. Одличен рок-метал инструментален албум. „Divergence“ не потсетува на концептот „Surfing with the Alien“ на Џо Сатријани (Joe Satriani) - сам свој мајстор. И Дамир кога ќе ја фати гитарата во рацете тоа звучи моќно.
Code 369 со нов сингл во ноември 2022. Песната се вика „Месечина“ (изворно „Mjesečina“).
Peach Vice објави одличен панк сингл. Песната се вика „Диши“.
Покрај тоа што ноември е одлична прилика за меланхолични песни, овој месец е мотив и за објавување музички изданија посветени на главниот град, особено на 13 ноември. Во оваа прилика тоа го искористија VALUTi и Последен удар. VALUTi го објави синглот „Скопје“, а Последен удар „Чив е овој град?“. Два сингла, секој во својот стил но со социјално ангажирана лирика.
Од објавените изданија во ноември 2022 ние одбравме десет песни што се дел од ноемвриската ВБУМР ТОП 10, односно десетте наши најомилени песниза објавени овој месец.
Синглови
Во ноември 2022 евидентиравме 61 синглови.
За ноември 2022 би сакале да посочиме на неколку синглови што нам ни го задржаа вниманието (читај континуирано преслушување):
Демографија на изданијата по музички жанрови
Овој месец дистрибуцијата на изданија по носечките музички жанрови е следна: популарна (27%), рок (23%), хип-хоп (16%), електронска музика (6%), фолк (5%) (77% од објавените музички изданија во ноември 2022).
Најгледани содржини (активност на посетители на нашиот вебсајт)
Трендот на посетеност на веб сајтот на ВБУ Музички регистар во ноември 2022 е растечки во однос на изминатиот месец по основ на посетители но е опаѓачки во однос на број на прегледи.
Во ноември 2022 веб сајтот на ВБУ Музички регистар го посетиле 6.787 посетители што е за околу 80 посетители повеќе од изминатиот месец. Посетителите во ноември направиле приближно 33.000 прегледи на страниците на веб сајтот што е приближно за 20.000 прегледи помалку во однос на прегледите на страниците од минатиот месец.
Според посетите на веб сајтот на ВБУ Музички регистар во ноември 2022, ги одвојуваме најинтересните музички изданија, изведувачи, музички жанрови и учесници (инструменталисти, вокалисти, музички продуценти и останати музички работници).
Најинтересни 3 изданија:
- „Супер ѕвезда 2008“ - Детски фестивал 🥇
- „Најдоброто од Макфест“ - музичка компилација
- „Bella Gravitation“ - Пајак и Лара Иванова
Најинтересни 3 изведувачи:
- Орце Стефковски 🥇
- Ванчо Тарабунов
- Атина Апостолова
Најинтересни 3 музички жанрови:
- Рок 🥇
- Популарна (поп)
- Фолк
Најинтересни 3 учесници во изданија:
- Роберт Саздов🥇
- Давид Даниловски
- Дејан Милосављевиќ - Дино