Написи

За домашната музика во декември 2022

Статистички показатели

  • 21 јануари 2023
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 751
  • Коментари
За домашната музика во декември 2022

Во декември 2022 евидентиравме нови 202 песна објавени во 83 изданија (70 синглови, 9 албуми, 2 проширени изданија (EP) и 2 музички компилации).

Во декември 2022 има десетици песни што нам ни го привлекое вниманието. Сепак, во овој сумарен напи за месецот ќе треба да направиме избор само на дел од нив.

Во декември 2022, после многу години беше објавено музичко издание од Врчак. Синглот се вика „Да ме лижнеш“.

Овој месец беа објавени 9 нови албуми, што е висока бројка споредбено со претходните месеци во 2022. Од албумите нам ни го привлече вниманието се албумите „10 Љубови“ на Наташа Миха, „Песни за љубов и копнеж“ на Каролина Гочеава, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски и „Летечки булдожер“ на Тотално опуштање.

Издавачот Шарла спакува музичка компилација за 2022 година насловена како „Тие што останаа се поети“.

Втората музичка компилација што нам ни „влезе во радар“ е онаа на Агенцијата за мода, култура и уметност „Меетрополис“ од Битола. Компилацијата е „премачкана“ со локал-патриотски лак и содржи песни од изведувачи што се поврзани со Битола. Називот на компилацијата е „Битола е градот“.

Тони Зен со објава на нов сингл за кој има одлична видео илустрација инспирирана од ТВ серијата „Breaking Bad“. Синглот се вика „Клубот“.

На 9 декември 2022, Николче Мицевски го промовираше својот албум „Нова ера“ (New Era) преку концерт во неговата родна Битола. Ние сме во очекување на објавувањето на студиските снимки на овој материјал. Во декември Мицевски го промовираше и синглот „Impulse“, како последен сингл од албумот за кој очекуваме објава на студиските снимки во некои од популарните формати за дистрибуција на аудио записи. Следна концерна иведба на албумот „Нова ера“ е во Велес, во театарот Џинот (18 февруари 2023). 

Дупер го објавија синглот „Дадада“. Оваа илустрација има интересен видео запис, нешто што научивме да го очекуваме од Дупер.

Супер рок трака од Виктор Захариевски е објавена во декември 2022. Песната се вика „Break through the silence“.

Hard to be in love“ е сингл објавен во декември во кој како изведувачи се потпишвуаат Елена Ристеска и DJ Sparadise

Александар Тарабунов во соработка со Тамара Тодевска ја создаде и објави „Само ти ми фалиш“. Допадлива поп-фанк песна.

Црвена Јабука направи препев на познатата „Ако умрам ил загинам“ на Јонче Христовски

Васил (Гарванлиев) ја објави „Rythm“. Поп-денс сингл штом нам ни привлече внимание.

Христијан Настески - Пајак и Иван Иванов (IWAYO) направија песна што ја отпеа Ѓоко Јовиќ. Песната е објавена како сингл во декември 2022, со назив „Око плаво“. Сингл за младите генерации без трпени, фокус и живци да отслушаат триминутна песна.

Бојана ја објави „Ми треба“. Видео илустрацијата и овој пат е на Александар Ристовски - Принц. Музичката перспактива е синтеза базирана на поп и фолк, со доза на феминистички елементи за кураж на женскиот род, во стилот на она што го направи Џенифер Лопез со одличната „I ain't your mama“.

Од објавените изданија во декември 2022 ние одбравме десет песни што се дел од декемвриската ВБУМР ТОП 10, односно десетте наши најомилени песни објавени овој месец.

Синглови

Во декември 2022 евидентиравме 70 синглови.

За декември 2022 би сакале да посочиме на неколку синглови што нам ни го задржаа вниманието (читај континуирано преслушување):

Демографија на изданијата по музички жанрови

Овој месец дистрибуцијата на изданија по носечките музички жанрови е следна: популарна (35%), рок (18%), хип-хоп (12%), електронска музика (11%), фолк (6%) (82% од објавените музички изданија во декември 2022).

Најгледани содржини (активност на посетители на нашиот вебсајт)

Трендот на посетеност на веб сајтот на ВБУ Музички регистар во декември 2022 е растечки во однос на изминатиот месец по основ на посетители но е опаѓачки во однос на број на прегледи.

Во декември 2022 веб сајтот на ВБУ Музички регистар го посетиле 7.567 посетители што е за околу 800 посетители повеќе од изминатиот месец. Посетителите во декември направиле приближно 35.600 прегледи на страниците на веб сајтот што е приближно за 2.600 прегледи помалку во однос на прегледите на страниците од минатиот месец.

Според посетите на веб сајтот на ВБУ Музички регистар во декември 2022, ги одвојуваме најинтересните музички изданија, изведувачи, музички жанрови и учесници (инструменталисти, вокалисти, музички продуценти и останати музички работници).

Најинтересни 3 изданија:

  1. „Супер ѕвезда 2008“ - Детски фестивал 🥇
  2. „Insecurities - Михаела Антеска
  3. „Да ме лижнеш“ - Врчак

Најинтересни 3 изведувачи:

  1. Анастасија Низамова - Мухиќ 🥇
  2. Билјан Стојаноски
  3. Марјана Мишева

Најинтересни 3 музички жанрови:

  1. Популарна (поп) 🥇
  2. Фолк
  3. Рок 

Најинтересни 3 учесници во изданија:

  1. Виктор Барбутов🥇
  2. Давид Даниловски
  3. Кокан Пандиловски
Печати
music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива