датум: 12-20.09.2023
локација: Карпош, Скопје
почеток: 20:00ч
влез: /
организатор: Општина Карпош
ДНК, МИЈАТА, ИВАНА ПЕТЕРС, НО И ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ НА „КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО 2023“
Од 12 – ти септември, на платото на „Млечен“ (УЗ „Владо Тасевски“) со почеток во 19.30 часот со настап на Драган Мијалковски ќе започне традиционалната културна манифестација на општина Карпош, „Карпошово културно лето 2023“.
И оваа година, програмата е прилагодена за сите генерации која ќе биде исполнета со перформанси за децата, младите и повозрасните.
За „Карпошово културно лето 2023“ се одвоени 2.000.000 денари, средства од Буџетот на локалната самоуправа.
Ги повикуваме граѓаните да дојдат и да уживаат во вечерите, кои ќе бидат исполнети со квалитетна музика и програма за сите возрасти.
Напомена: Текстот и фотографијата се преземени од веб страната на општина Карпош