Написи

Профил страна за „Нокаут“

Музичкиот состав „Нокаут“ доби нова профил веб страница овозможена од ВБУ Музички регистар

Профил страна за „Нокаут“

Почитуван љубителу на домашната музичка продукција,

Се задоволство ти ја претставуваме новата профил страна на музичкиот состав „Нокаут“.

По креирањето на новата профил страна на „Страјк“ ја креиравме и првата верзија на новата профил страна за Нокаут.

Идејата за новата профил страна на изведувач е да ја прикажеме содржината што ВБУ Музички регистар ја создава и евидентира за изведувачот.

Ова значи дека со ажурирање на податоците во Регистарот, овие профил страници се ажурираат автоматски, а тие содржат: фото и видео галерии, биографија за изведувачот, календар со следни настапи на изведувачот, изданија, написи, попис на членовите и соработниците на изведувачот.

Плановите за оваа профил веб страна се големи и вклучуваат дополнителни типови на содржини за изведувачот од други ивори, можност за купување производи поврзани со изведувачот, повеќе-јазичност, можност за букирање настап и уште неколку други типови на содржини и услуги.

Ја направивме профил страницата на Страјк како претставник од хип-хоп изведувачите. Ја креиравме и првата верзија на новата профил страница за Нокаут како претставник од групата на поп-рок изведувачи.
Следува конверзија на профил страница за рок бенд.
Кој е рок бендот за кој би сакал да видиш профил страна во стилот на онаа за Страјк и Нокаут?

Во оваа прилика, споделуваме и едно видео(https://bit.ly/2TRgQox) од настапот на Нокаут во клубот „Станица 26“(Станица 26) во Скопје одржан на 27.03.2019.
Видеото трае неколку минути во кои Нокаут ја изведуваат песната „За нас“ првично создадена за Брејк (https://bit.ly/2RfnpPR). Еден од двајцата автори на оваа песна е и фронтменот на Нокаут, Никола Перевски - Пере (https://bit.ly/37h5Swk).

Покрај аплицираниот непотизам, при избор за тоа за кој поп-рок бенд ќе креираме прва профил веб страна и фактот што Нокаут се партнери на Регистарот од неговиот почеток, го земавме во предвид и тоа што Нокаут 20 години полни клубови во кои изведуваат авторска музика, пеат на македонски јазик, а заедно со нив пее и целата публика. Ако не ни веруваш нам, еве, погледни го ова видео што може да се третира како доказ во споменатиот контекст. https://bit.ly/2NMPnjS (Ако регистратор лаже, YouTube не лаже!)

Регистарски поздрав!

Печати
 
Категории: Вести
Тагови: НокаутNokaut
Оцени го написот:
4.0
music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива