Во септември се одржаа два музички фестивала, Охридски Трубадури (фолк вечер, интернационална вечер) и Макфест. Тоа значи дополнителна доза нова музика. Во септември 2021 бележиме 87 изданија (176 песни) од кои 77 синглови, 6 албуми, 2 проширени изднаија и 2 музички компилации (двете фестивалски вечери на Охридски трубадуи)
Во контекст на нови музички изданија и она што нам ни остави впечаток се следниве неколку музички изданија.
Албумот „Different“ (словодент превод: Различно) од SS Project. Овој албум кој има одлична џез содржина е прво издание од ваков формат на Сашо Стојановски. Покрај добрата џез музика зад ова издание се крие иницијатива со суштински човечки вредности. Тоа се вредностите на инклузивност и грижа за луѓето и децата.
Во септември хип-хоп артистот Твистер (Twister) го одјави својот проект, а воедно го почна неговиот нов со назив Твистер (Twistarr) преку објавување на албумот „На своју кожу“.
Во септември 2021 беше објавено и винилното издание на музиката за филмот „Стела“. Иако филмот е објавен во 2020 година, а со тоа и музиката за овој филм доживеа промоција, во овој сумарен напис за музичките изданија во септември 2021, го акцентираме и албумот „Стела“ (Stela) од Љубојна. За нас, одлично долго издание.
Како и секоја година, на Макфест му посветивме особено внимание. Овој пат, покрај фотосторијата, објавивме и осврт за 36. издание на Макфест.
И овој месец, септември 2021, од објавените изданија ние одбравме десет песни што се дел од ВБУМР ТОП 10.
Синглови
Во септември 2021 евидентиравме 77 синглови. За септември 2021 би сакале да посочиме на неколку синглови што нам ни го задржаа вниманието (читај континуирано преслушување):
Демографија на изданијата по музички жанрови
Во септември 2021 носечки музички жанрови на новите музички изданија се: популарна (46%), рок (16%), хип-хоп (10%), електронска музика (8%) и (80% од објавените музички изданија во септември 2021).
Најгледани содржини (активност на посетители на нашиот вебсајт)
Во споредба на претходниот месец, во септември 2021 трендот на посетеност на веб сајтот е растечки. Во септември 2021 вебсајтот на ВБУ Музички регистар го посетиле приближно 4.600 посетители (претходниот месец: 3.900), кои направиле преку 26.500 прегледи.
Според посетите на вебсајтот на ВБУ Музички регистар во септември 2021, ги одвојуваме најинтересните музички изданија, изведувачи, музички жанрови и учесници (инструменталисти, вокалисти, музички продуценти и останати музички работници).
Најинтересни 3 изданија:
- Синглот „Душа“ од Лара
- Синглот „Ти си негова“ од 4 U Band
- Синглот „Невино“ од Филип Пешевски
Најинтересни 3 изведувачи:
- Сашо Најдовски
- Steel Temple
- Лара
Најинтересни 3 музички жанрови:
- Популарна (поп)
- Рок
- Фолк
Најинтересни 3 учесници во изданија:
- Лара Иванова
- Мики Јовановски - Џафер
- Иванчо Митревски - Мајсторот