До моментот на објавување на овој напис, во ноември 2021 евидентираме 123 песни објавени во истиот месец. Како и вообичаено, и овој месец најмногу изданија може да се сврстат во популарна музика, но бројот на хип-хоп изданија учествува со висок процент од 20% од сите нови изданија објавени во ноември 2021.
Овој месец, очекувано, исто како и минатиот објавени се 9 долги изданија (албуми) и 3 проширени изданија (EP).
Еден од сингловите што ни остави силен впечаток е „Крв да ни се стори“ од Пијан Славеј и Каролина Гочева. Бранислав Николов уште еднаш ги демонстрира неговите поетски способности. За нас текстот за „Крв да ни се стори“ е еден од најдобрите објавени со песна во ноември 2021.
Неколку хип-хоп изведувачи објавија сопствени изданија од кои ние би ги одвоиле оние на Чиста Околина - „Врие Македонец“, Кацар и Druggy - „Колку е саат?“, албумот на С.А.М и Gloomié - „Втора слобода“, Зад аголот - „091 (Скопје памти)“ и Баже ДСЦ - „Леб и соул“.
Во ноември 2021 беше објавен и третиот албум на Зулу 3.4 (Zulu 3.4), „Fragments“.
Во ноември 2021 продолживме со активностите за дополнување на архивата на написи од трети - печатени медиуми („Архива на написи“). Овој месец воведовме дополнителна класификација на написите што подразбира групирање на написите по периодика (медиум во кој е објавен написот), како и дополнителни функции за филтрирање на написите по периоди на нивното објавување и клучни зборови (тагови).
И овој месец, ноември 2021, од објавените изданија ние одбравме десет песни што се дел од ноемвриската ВБУМР ТОП 10.
Синглови
Во ноември 2021 евидентиравме 40 синглови. За ноември 2021 би сакале да посочиме на неколку синглови што нам ни го задржаа вниманието (читај континуирано преслушување):
Демографија на изданијата по музички жанрови
Во ноември 2021 дистрибуцијата на новите изданија по музичките жанрови е по рамномерна во однос на претходните неколку месеци во кои популарната музика доминира. Овој месец дистрибуцијата на изданија по носочките музички жанрови е следна: популарна (24%), хип-хоп (21%), електронска музика (18%), рок (15%) (78% од објавените музички изданија во ноември 2021).
Најгледани содржини (активност на посетители на нашиот вебсајт)
Во споредба на претходниот месец, во ноември 2021 трендот на посетеност на веб сајтот е растечки. Во ноември 2021 веб-сајтот на ВБУ Музички регистар го посетиле нешто повеќе од 5.000 посетители (претходниот месец: 4.500), кои направиле преку 25.000 прегледи.
Според посетите на вебсајтот на ВБУ Музички регистар во ноември 2021, ги одвојуваме најинтересните музички изданија, изведувачи, музички жанрови и учесници (инструменталисти, вокалисти, музички продуценти и останати музички работници).
Најинтересни 3 изданија:
- „А. П. Чехов - Раскази“ од Марија Кондовска, Славко Нинов
- „Нема ми либе да дојди“ од Дует Селимова - Желчески
- Музичка компилација „Си-До 2014“
Најинтересни 3 изведувачи:
- Атина Апостолова
- Детски фестивал „Поточиња“
- Јонче Христовски
Најинтересни 3 музички жанрови:
- Популарна (поп)
- Евергрин
- Џез
Најинтересни 3 учесници во изданија:
- Иван Петровски
- Валентино Скендеровски
- Хилми Баки