Написи

За домашната музика во декември 2021

статистички показатели

  • 15 јануари 2022
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 403
  • Коментари
За домашната музика во декември 2021

До моментот на објавување на овој напис, во декември 2021 евидентираме 189 песни објавени во истиот месец. Овој месец има благ раст на продуктивноста на домашни музички изданија. Во декември 2021 првото место по број на изданија категоризирани по музички жанрови, го делат жанровите атрибуирани со поп (21%) и хип-хоп (21%). Останатите музички жанрови што доминираат (над 80%) кај музичките изданија објавени во овој месец се фолк (14%), електронска (12%), рок (8%) и класична (5%) музика. 

Овој месец, евидентиравме 9 долги изданија (албуми) и 6 проширени изданија (EP) и 3 музички компилации.

И овој месец, декември 2021, од објавените изданија ние одбравме десет песни што се дел од декемвриската ВБУМР ТОП 10

Синглови

Во декември 2021 евидентиравме 51 сингл. За декември 2021 би сакале да посочиме на неколку синглови што нам ни го задржаа вниманието (читај континуирано преслушување):

Демографија на изданијата по музички жанрови

Во декември 2021 дистрибуцијата на новите изданија по музичките жанрови има интересна дистрибуција на процентуалниот сооднос. Во овој месц класичната (или барем онаа што има впечатливи елементи од класична музика) и фолк музиката добиваат место во жанровите што учествуваат во над 80% од музичките изданија објавени во декември 2021. Овој месец дистрибуцијата на изданија по носечките музички жанрови е следна: популарна (21%), хип-хоп (21%), фолк (14%), електронска музика (12%), рок (8%), класична (5%) (81% од објавените музички изданија во декември 2021).

Најгледани содржини (активност на посетители на нашиот вебсајт)

Во споредба на претходниот месец, во декември 2021 трендот на посетеност на веб-сајтот е растечки, поточно веб сајтот во декември 2021 го посетиле дополнително околу 1.300 посетители. Во декември 2021 веб-сајтот на ВБУ Музички регистар го посетиле нешто повеќе од 6.300 посетители (претходниот месец: 5.000), кои направиле приближно 28.000 прегледи.

Според посетите на веб-сајтот на ВБУ Музички регистар во декември 2021, ги одвојуваме најинтересните музички изданија, изведувачи, музички жанрови и учесници (инструменталисти, вокалисти, музички продуценти и останати музички работници).

Најинтересни 3 изданија:

  1. „Bypass“ од Слаткаристика
  2. „Ослободи се“ од Стиховен калибар
  3. „Шпанско Село“ од Мичо Атанасиу

Најинтересни 3 изведувачи:

  1. Атина Апостолова
  2. Џон Илија Апелгрин
  3. Кристина Мукаетова

Најинтересни 3 музички жанрови:

  1. Популарна (поп)
  2. Рок
  3. Фолк

Најинтересни 3 учесници во изданија:

  1. Робин Зимбаков
  2. Ивица Јанкуловски
  3. Александар Николовски

Печати
music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива