Нашиот познат македонски џез гитарист и кантавтор Владимир Василески – Четкар кон крајот на месец јануари 2022 година, ќе започне со поголема зимска турнеја низ пет држави во Соединетите Американски Држави. Тој веќе деновиве се подготвува да отпатува на една недела пред настапите, на подготовки со бендот.
Погледнете го распоредот на концерти кои Четкар ќе ги одржи од 28-ми јануари до 18-ти февруари:
-
Детроит, Мичиген / 28 Јануари – Aretha’s Jazz Café at the Music Hall
-
Чикаго, Илиноис / 30 Јануари – Skadarliya
-
Кливленд, Охајо / 5 Февруари – BOP STOP at the music settlement
-
Њујорк, Њујорк / 12 Февруари – Chelsea Table + Stage
-
Вест Палм Бич, Флорида / 18 Февруари – во прекрасниот музеј Norton Museum of Modern Art
На крај заминува за Мајами на 20ти февруари, но овој настан сеуште не е потврден.
Концертот во Торонто е одложен за напролет, токму поради коронавирусот.
Последното негово музичко дело покриено со видео се вика „I remember“, кој со текстот не води во мемоарите на патувањата, работен за време на пандемија.
На сите концерти Владимир Четкар ќе биде придружуван со 6-7 музичари од Америка и ќе се претстави исклучиво со авторска музика и аранжмани.
Во меѓувреме, погледнете дел од атмосферата на еден од неговите летни настапи...
Автор на текстот: Ива Манова Зафировска