Написи

Музички народни инструменти

Записи од Марко Костов Цепенков и неговото раскажување за музичките народни инструменти

Музички народни инструменти

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829 - Софија, 29 декември 1920) е познат како собирач на народни умотворби. Македонска книга и Институт за фолклор во 1980 година објавува серијал од 10 книги со записи од Цепенков насловена како Македонски народни умотворби.

Во широкиот спектар на таканаречените „народни умотворби“ што ги прибележувал Цепенков цели 40 години, во кои спаѓаат и пословици и поговорки, приказни, гатанки, верувања и клетви, благослови, баења, соништа и нивни толкувања, детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.) има и записи поврзани со музиката.

Во десеттата книга од претходно споменатиот серијал на Македонски народни умотворби, постојат записи со кои Цепенков ги опишува народните инструменти и раскажува за вообочаени сценарија поврзани со народните инструменти што тој ги препознал и забележал. Следната илустрација е дел од заглавието за Музички народни инструменти, во кое Цепенков ги опишува Чампарите, музички инструмент сличен на Кастанетите.

Марко К. Цепенков за музичкиот инструмент Чампари

Марко К. Цепенков за музичкиот инструмент Чампари

Во споменатото заглавие од серијалот Македонски народни умотворби забелешките се организирани во заглавија што забележуваат инфромации за:

  • Некои стари музикални органи;
  • Имињата и видот на стари тамбури и гајдата;
  • Свирци табуанци (свиркала и тумпала) или чалгаџиски алати (орудија) - свирки за веселење;

Во продолжение на овој текст ќе го најдете PDF документот што содржи дигитална копија на неколку страници од претходно споменатата книга со забелешките на Цепенков за музичките народни инструменти. 

Голема благодарност за позајмената книга и за инспирацијата да се напише и објави овој текст, до големиот пријател на ВБУ Музички регистар, Филип Стојановски.

Печати
music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива