Написи

Најомилените 40 музички изданија за 2021

Најомилените музички изданија објавени во 2021 година

  • 18 февруари 2022
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 688
  • Коментари
Најомилените 40 музички изданија за 2021

Членови на поширокиот тим на регистарот ги одбра најомилените изданија објавени во 2021. Основните критериуми за избор на овој список музички изданија се:

  • со радост да се сеќаваме на изданието;
  • со задоволство да сме го преслушувале изданието во текот на годината;
  • кога ќе те прашаат да одбереш 5 до 7 изданија објавени во 2021 да го посочиш изданието;

Така, врз основа на претходно споменатите критериуми, без да се ограничуваме жанровски или по тип на издание, членовите од проширениот тим на Регистарот: Ива Зафировска, Васил Карев, Дејан Соколоски, Марјан Доказа, Златко Ангелески и Васил Буралиев го составија списокот на најомилени музички изданија за 2021.

Во списокот на омилените изднаија за 2021 кај неколку од учесниците создавачи на оваа листа изданија, се најдоа синглови или целиот албум Nine Lives“ од Yova. Според овој критериум, би сакале да соопштиме дека музиката на Yova во 2021 година, за тимот на Регистарот е најомилена. Наша топла препорака за преслушување на нејзиниот албум „Nine Lives“ што беше објавен во ноември 2021.

Покрај албумот на Yova, она околу што можеа да се сложат неколку членови од регистарската дружина е и синглот од Blackstate, The Arsonist (Single Remix)". Да бидеме до крај искрени, оваа денс трака немаше да ни привлече толку големо внимание доколу Blackstate не го „извадеше“ ова како сингл од неговиот албум „While the World's on fire“ и го акцентираше со феноменалната видео илустрација. Ова е само уште една потврда за тоа колку се важни видео илустрациите за песните, но и за тоа зошто сингловите се далеку повеќе популарна форма на објавување/издавање на музичките изданија од долгите и проширените изданија.  

Во следнава листа се нашите омилени 40 изданија објавени во 2021 година. 

Синглови

Поп

Рок

  • „Не време“ од Funk Shui и Вера Милошевска
    Многумина очекуваат поинаква песна од одличните Funk Shui но за нас оваа соработка со Вера Милошевска е одгинална трака што заслужува внимание.

  • „Can't kill a dead man twice“ од David Mukka
    Одлична рок трака што воедно е најавена како дел од музика за филм/серија.

  • „True seed“ од Red-Tailed Healer
    Еден од нашите најомилени рок синглови во 2021.

  • „Ужасно ми фалиш“ од 21 Век
    Ова е одична поп-рок песна од бендот 21 Век. Ова ние го сметаме за своевиден пресврт во кариерата на Васко Атанасовски кој е член на бендот, а кој важи за бунтовен рокер од алтернативната сцена.

  • „Па што?!“ од Mooger Fooger
    Суровата вистина за модерното време опеана од ветераните на бендот Мугер Фугер.

  • „Слатка мала“ од Пеперминт
    Препознатливиот и специфичен стил на Горан Трифуновски во оваа едноставна рок песна, не принудува да ја преслушуваме повремено.

  • „Вака не може“ од Бени Шакири
    Сингл на Бени што беше креиран како дел од рекламниот материјал за неговата кандидатура за градоначалник. Тоа што оваа песна е во оваа листа не изразува никакви политички ставови и поддршка - ако изборите завршија, туку едноставно за некои работи вака повеќе не може.

  • „Wreckin' nights“ од D Chicks
    Одлична песна со што девојките нас многу пријатно не изненадија.

  • „My fire“ од Yon Idy
    Одлична меланхолична поп-роп композиција.

  • „Намера“ од Manas
    Еден од нашите омилени синглови објавени во 2021.

Хип хоп

  • „Кензо Танге“ од Druggy 🏢✊
    Песната со нај социјално-ангажираниот стих во 2021. Па иде вака: „Барам Кензо Танге, ти ми даваш Грчев. Праам протест денски, ти ми копаш ноќе.“

  • „Chit Chat“ од InsertAKick и Sharo🔫
    InsertAKick и Sharo со оваа песна во 2021 покажуваат дека имаме и ние млади генерации што го следат хип хоп дериватот наречен дрил музика.

  • „Трет светски рап“ од Кацар, Bibbych и DJ Popeye🎤
    Одлична соработка на два ветерана и една млада девојка како Хип-хоп артист, што секогаш звучи егзотично.

  • „Посед“ од Tonyo San📜
    Една од омилените социјално-ангажираните поеми објавени во рамките на музички изданија во 2021 година.

Елекнтронска

Албиму, проширени изданија и музички компилации

  • „Nine lives“ од Yova🏆🥇
  • „Дома“ од Дина
  • „Fortuna“ од Марија Каева 
  • „Чудо“ од Lilit
  • „Fragments“ од Zulu 3.4
  • „Хипер“ од Дупер
  • „A Wave Returns To The Ocean“ од Светлост и Odron Ritual Orchestra
  • „A Disc Jockey’s Crisis Of Conscience“ од Филип Букршлиев трио
  • „Come Back“ од Јордан Костов квинтет
  • „Different“ од SS Project
  • Крај Вардарот Џез Vol.1
Печати
 
music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива