Написи

За книгата „Македонски народни борбени песни“ од Васил Хаџиманов

Издавач: „Кочо Рацин“, Скопје, 1960

За книгата „Македонски народни борбени песни“ од Васил Хаџиманов

Македонската етномузикологија е релативно нова научна гранка, која се занимава со проучување на музичкото народно творештво на овие простори. До Втората светска војна, македонскиот музички фолклор го проучувале, воглавно, истражувачи од Србија и од Бугарија, а најистакнат македонски етномузиколог од тој период бил и  Васил Хаџиманов (1906-1969)

Леонардо Димоски - млад и талентиран виолинист од светски калибар!

Интервју со младиот виолинист Леонардо Димоски.

Леонардо Димоски - млад и талентиран виолинист од светски калибар!

Во потрага и промоција на младите музички таленти во Македонија, овојпат Регистарот направи интервју со младиот виолинист Леонардо Димоски од Прилеп, ученик-средношколец во четврта година во Државното музичко училиште во Битола во класата на проф. Оливера Трајкова, а под менторство на светски познатата виолинистка Сихана Бадивуку од Косово.

За Фестивал Опатија и македонските учесници на овој фестивал

За Фестивал Опатија и македонските учесници на овој фестивал

Престижниот Опатиски фестивал е основан во 1958 година, речиси по една цела деценија, откако лесните и забавни културни жанрови биле отворено општествено и идеолошко прифатени.

Македонисимо или најдоброто од Македонија

Осврт кон концертната промоција на Македонисимо

Македонисимо или најдоброто од Македонија

Конечно, по пет години од светската премиера на проектот Македонисимо, прекрасните звуци од ова вонвременско издание се слушнаа и на македонско тло. По Збажди, Скопје и Штип, вечерта на 26.9.2022 публиката уживаше на завршниот концерт од македонската турнеја во Битола, каде што пред Офицерскиот дом, на отворено, македонскиот виртуоз со својата свита, ја покажа сета своја маестралност.

Анастасија и Арсениј - македонски музички надежи!

Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески од Прилеп се вистински репрезенти на класичната музика и добитници на мноштво награди.

Анастасија и Арсениј - македонски музички надежи!

Често пати слушаме дека Македонија изобилува со талентирани деца од сите области, а на музички план ова парче земја преизобилува со вакви таленти, па затоа овојпат Регистарот одлучи да ги побара и да направи куси интервјуа со двајца млади музичари - пијанисти, талентирани и наградувани деца, кои од мали нозе се трудат да навлезат во тајните на најблагорородната уметност на светот - музиката! Прилепчаните Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески се ученици во средното Државно музичко училиште во Битола, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска.

Во Прилеп при НУ Завод и Музеј отворена постојана поставка: „Роднокрајно музичко творештво“

Во Прилеп при НУ Завод и Музеј отворена постојана поставка: „Роднокрајно музичко творештво“

Во минатото во Прилеп се одвивала релативно богата музичка активност. Фактот што Прилеп е еден од градовите во Македонија, каде што најрано започнало усвојувањето и негувањето на западноевропската музичка култура, јасно ни говори дека во овој крај постоела адекватна база, чии корени датираат од подалечното минато. Како значаен средновековен центар и седиште на словенски феудални великодостојници, паралелно со византиската црковнословенска музичка пракса, Прилеп имал и световни манифестации врз база на народната музика, секако, прилагодени на потребите на владеачката каста.


30 години од песната „Наташа од трето три“

Интервју со Леонид Ристев

30 години од песната „Наташа од трето три“

Еден од најпознатите детски музички фестивали во Македонија е фестивалот „Си-До“, кој почна да се организира како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола. Имено, во изминатиот половина век, па сè до денес, во Битола делуваа неколку организации и асоцијации, коишто непосредно се ангажирани со грижата за воспитување на децата. Една од тие организации беше пионерскиот центар до 1996 година, а од 2005 тоа е Здружението на граѓани од областа на културата „Промедиа Битола“.

За кариерата на Џафер и неговата последна песна „Џоле бре гол“

Интервју со Мики Јовановски - Џафер

За кариерата на Џафер и неговата последна песна „Џоле бре гол“

Џоле бре гол“ - тоа е причината Регистарот овој пат да направи интервју со нашиот Џафер, „дечкото“ со брилијантен вокал, неуморниот перфекционист, човекот кој слуша и креира музика, кој остави траен белег на македонската музичка сцена, кој творечки ужива во секој ден од својот живот. Доволно беше да го побараме и да го прашаме, дали ќе биде расположен накусо да ни одговори на неколку прашања, а одговорите стигнаа во најбрз можен рок.

50 години од првото интерпретирање на детската песна „Еј гулаби, гулаби бели“

Интервју со Билјана Дамјановска

50 години од првото интерпретирање на детската песна „Еј гулаби, гулаби бели“

Оваа година (2022) се навршуваат точно 50 години од интерпретацијата на детски евергрин „Еј гулаби, гулаби бели“, па затоа Македонскиот музички регистар прв се досети да направи интервју со Билјана Дамјановска - Јанчевска, во кое ќе се потсетиме на овој фестивал и на оваа песна. 

Македонски народни песни (Makedonske narodne pesme) бокс сет

Бокс сет (Box Set) на македонски народни песни на 3 ЦДа во издание на Jugoton-Croatia Records

Македонски народни песни (Makedonske narodne pesme) бокс сет

И во добро, и во зло, музиката ги соединува луѓето. Онаму, каде што музиката е светла и нежна, луѓето се срдечни и чувствителни; а каде што е раскалашена и вознемирувачка, народот е развратен и див!
Секој народ има своја мајчинска мелодија. Ако човекот не знае од каде потекнува, од кај му е родот, тогаш, на која мелодија ќе заигра и ќе затрепери, ете на чија мајка е пород.

music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива