Написи

Дина Јашари се закити со музичката награда „Милан Младеновиќ“

Од вкупно 250 пријавени песни, Дина Јашари влезе меѓу 12-те финалисти и успеа да победи.

Дина Јашари се закити со музичката награда „Милан Младеновиќ“

Неодамна нашата млада артистка Дина Јашари се закити со музичката награда „Милан Младеновиќ“ во Белград за песната „Дома“, која се доделува во чест на врвниот музичар и уметник Милан Младеновиќ, најпознат како фронтмен на рок-групата ЕКВ.

Леонардо Димоски - млад и талентиран виолинист од светски калибар!

Интервју со младиот виолинист Леонардо Димоски.

Леонардо Димоски - млад и талентиран виолинист од светски калибар!

Во потрага и промоција на младите музички таленти во Македонија, овојпат Регистарот направи интервју со младиот виолинист Леонардо Димоски од Прилеп, ученик-средношколец во четврта година во Државното музичко училиште во Битола во класата на проф. Оливера Трајкова, а под менторство на светски познатата виолинистка Сихана Бадивуку од Косово.

За Андерфест (Underfest) пред неговото четврто издание

Интерју со претставниците на организаторот на фестивалот Андерфест (Underfest)

За Андерфест (Underfest) пред неговото четврто издание
Оваа година (2022) се одржува четвртото по ред издание на урбаниот музички фестивал Underfest. Доволна провокација подобро да ги запознаеме луѓето кои стојат зад овој фестивал.

Музиката за филм на Сашо Најдовски

Интервју со Сашо Најдовски

Музиката за филм на Сашо Најдовски
Запознај го Сашо Најдовски, инструменталист и музички автор на музика за филм кој е спремен за светската филмска индустрија.

Комплетен музички автор и изведувач за кој допрва ќе слушаме

Интервју со Толга Мазхар - Тоби (Tolga Mazhar - TOBY)

Комплетен музички автор и изведувач за кој допрва ќе слушаме

Љубопитноста за истражувањето на домашната авторска музика и раскажувањето на приказните за неа е нешто што ме следи повеќе години. Фикцијата наречена „приказна“ е важна за човекот и неговиот развој. Приказните за домашната музика и оние што ја создаваат и интерпретираат продолжувам да ги раскажувам и преку ова интервју со Толга (Тоби) Мазхар - изведувач, музички автор и аудио инженер.

ПОТОЧИЊА 2022 ВО ПОЛН СЈАЈ

Интервју со Оливер Пап, извршен продуцент на детскиот фестивал „Поточиња“

ПОТОЧИЊА 2022 ВО ПОЛН СЈАЈ

ИЗ:  Со нетрпение го чекаме овогодинешното издание на волшебните „Поточиња 2022“. Кажете ни што да очекуваме на 18ти и 19ти јуни?

Оливер Пап: На новото издание ПОТОЧИЊА 2022 публиката може да очекува многу забава, весели и разиграни песни и неколку изненадувања. Дефинтивно ова ќе биде едно од најдобрите изданија на фестивалот бидејќи долго чекавме да се вратиме назад во концертна сала и како што доликува на публиката да и се претставиме во најдобро светло.

Се слуша ли македонската музика во пријателските Нови Сад и Војводина?

Интервју со Јулијана Милутиновиќ

Се слуша ли македонската музика во пријателските Нови Сад и Војводина?

Јулијана Милутиновиќ - Џулс е автокар и водителка на радио емисии скоро 3 децении. Џулс своите радио емисии ги имала и ги има во повеќе македонски радија. Таа е македонка која последниве 16 години живее во Нови Сад / Војводина / Србија.

Дел од кафе-средбата со Јулијана Милутиновиќ на која дискутиравме и на темата Дали се слуша македонската музика во пријателските Нови Сад и Војводина ја споделувам со тебе во форма на интервју.

30 години од песната „Наташа од трето три“

Интервју со Леонид Ристев

30 години од песната „Наташа од трето три“

Еден од најпознатите детски музички фестивали во Македонија е фестивалот „Си-До“, кој почна да се организира како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола. Имено, во изминатиот половина век, па сè до денес, во Битола делуваа неколку организации и асоцијации, коишто непосредно се ангажирани со грижата за воспитување на децата. Една од тие организации беше пионерскиот центар до 1996 година, а од 2005 тоа е Здружението на граѓани од областа на културата „Промедиа Битола“.

Кон историјата на македонската популарна музика – разговор со Јулијана Жабева-Папазова

Разговорот го водеше Славчо Ковилоски

Кон историјата на македонската популарна музика – разговор со Јулијана Жабева-Папазова
Јулијана Жабева Папазова е музиколог којашто минатата година, во коавторство со Елени Новаковска ја издаде монографијата „Историја на македонската популарна музика“. Тоа е причина да поразговараме за поводот за нејзиното создавање, за предизвиците со кои се соочиле авторките, за иднината на македонската популарна музика...

Шареноликоста во авторскиот израз

Интервју со Никола Мицевски

Шареноликоста во авторскиот израз

Четирите синглови од Next Time „Нешто ќе те питам бабо“, „Ја излези Ѓурѓо“, „Слушам кај шумат шумите“, „Јовка кумановка“ чии коавтор е Мицевски, албумот „Colors“ и последните два сингла „Circle“ и „Time“ за кој тој најавува дека ќе бидат интегрален дел од албумот во најава „New Era“, песните направени за изведувачот Ѓоко Танески се музички записи што беа инсирација за разговор со Николче Мицевски. Поводот е неговото последно издание како инструменталист изведувач со назив „Time“. На мое задоволство Мицевски го прифати предлогот за ова интервју.


За кариерата на Џафер и неговата последна песна „Џоле бре гол“

Интервју со Мики Јовановски - Џафер

За кариерата на Џафер и неговата последна песна „Џоле бре гол“

Џоле бре гол“ - тоа е причината Регистарот овој пат да направи интервју со нашиот Џафер, „дечкото“ со брилијантен вокал, неуморниот перфекционист, човекот кој слуша и креира музика, кој остави траен белег на македонската музичка сцена, кој творечки ужива во секој ден од својот живот. Доволно беше да го побараме и да го прашаме, дали ќе биде расположен накусо да ни одговори на неколку прашања, а одговорите стигнаа во најбрз можен рок.

50 години од првото интерпретирање на детската песна „Еј гулаби, гулаби бели“

Интервју со Билјана Дамјановска

50 години од првото интерпретирање на детската песна „Еј гулаби, гулаби бели“

Оваа година (2022) се навршуваат точно 50 години од интерпретацијата на детски евергрин „Еј гулаби, гулаби бели“, па затоа Македонскиот музички регистар прв се досети да направи интервју со Билјана Дамјановска - Јанчевска, во кое ќе се потсетиме на овој фестивал и на оваа песна. 

Работа, многу работа и лично надградување - препорака од вонсериски пејачки ветеран

Интервју со Ѓоко Ѓорчев

Работа, многу работа и лично надградување - препорака од вонсериски пејачки ветеран

Ѓоко Ѓорчев е еден од домашните вокалисти со пејачко искуство како дел од македонската естрада околу 30 години. Неговиот квалитет на интерпретација е исклучителен поради што и во текот на неговата кариера го споредуваат со светски познатиот интерпретатор Том Џонс (Tom Jones).

Најплодниот автор на стихови

Интервју со Огнен Неделковски

Најплодниот автор на стихови

Го контактиравме господинот Огнен Неделковски - еден од најплодните автори на стихови отпеани во песните на домашната музичка продукција, со барање за интервју за да ни одговори на неколку кратки прашања и да го задоволи нашето љубопитство за неговите творечки активности. 

За албумот „Different“ од SS Project

Интервју со Сашо Стојановски

За албумот „Different“ од SS Project

Диферент“ (изворно Different, слободен превод: Различни) е џез албум на SS Project  објавен во септември 2021. Овој албум има многу подлабока приказна од само одлично џез музичко издание, за кое доколку го прочитате списокот на сите учесници ќе ви стане јасно дека поинаку и неможе да биде. 

Интервју со Александар Јовевски од „Монистра“

По две годишна пауза групата "Монистра" повторно на сцена.

Интервју со Александар Јовевски од „Монистра“
Младата етно група Монистра е формирана во 2002 година и досега има издадено две изданија: „Киниса моме на вода“ и „Монистра“. Неодамна во рамки на Скопско Лето групата одржа самостоен концерт под наслов „Киниса моме на вода“. За дел од актуелните активности на групата како и за плановите за иднина разговаравме со основачот и музички лидер на групата Александар Јовевски

За фолк музиката и професионалноста со Јордан Митев

Интервју со Јоран Митев

За фолк музиката и професионалноста со Јордан Митев
Последниве три години еден од најпосетуваните синглови на веб сајтот на ВБУ Музички регистар е „Ај што мерак имам бабо“ од Јордан Митев. Тоа беше еден од главните мотиви да го контактирам господинот Митев за да го прашам неколку прашања што се однесуваат на неговата работа како кант-автор, но и како релевантен и активен претставник на изведувачите на песни од фолк жанрот. Митев не е интересна личност само поради своето богато портфолио како кант-автор и изведувач, туку и поради професионалниот однос кон она што го работи, а со него е поврзан и еден интересен настан поради кој Митев доби забрана за влез во Грција пред повеќе години.

Претставување на музичката група КОМА (KØMMA)

Интервју со Алек и Павел, членовите на групата KØMMA

Претставување на музичката група КОМА (KØMMA)

На 06.јуни.2021 го објавија нивниот прв сингл „Боље човек“. Мене ми се допадна уште на првото слушање. Допадлива естетика (барем за мојот вкус), технички многу солидно средена трака, супер интересен вокал. 

Неможев да најдам никаква дополнителна информација за изведувачот со назив KOMMA. По две недели тетеравење на топлово време и обид да се натерам да спотерам некоја работа, но без некој поголем успех, седнувам едно утро пред компутерот и гледам нов сингл од KOMMA. Пуштам да го слушнам и забележувам уште по допадлива песна. Почнува навистина да ме интересира повеќе за KOMMA и почнувам да роварам. Никаква информација за бендот и тогаш се пали алармот за креирање ново интервју. По неколку разменети пораки, јас сум на кафе со Алек и Павел, членовите на бендот KOMMA.

Млади дечки, полни со живот иако во првите два сингла може да се насети и меланхолична нота. Нивната омилена визуелна естетика ја изразуваат во црно бело со портокалов контраст, за што им помага Ања Андревска.

Се сретнуваме утрово, 08.07.2021 во едно локално кафуле во главниот град(или подобро да пишам - концепт продавница) и во кафе муабет што траеше повеќе од 2 часа си ја задоволувам љубопитноста за тоа кои луѓе стојат позади KOMMA. Дел од муабетот тече вака...

Приказни од улицата „4-Јули“ во скопско Ѓорче Петров

Интервју со Мухамед Ибрахими (Muhamed Ibrahimi)

Приказни од улицата „4-Јули“ во скопско Ѓорче Петров

Во редовното навраќање на домашните изведувачи и нивните изданија, неодамна се потсетивме и на изданијата на Мухамед Ибрахими (Muhamed Ibrahimi). Секогаш со задоволство се потсетуваме особено на неговиот прв албумот „Fly“.

Со оглед на тоа што не можевме да најдеме некои екстинзивни информации за Ибрахими, решивме да се запознаеме со овој вистински господин и одличен инструменталист, за кој се чини дека нема никаква пречка во совладување на употребата на различни жичени инструменти. На наше огромно задоволство, господинот Ибрахими ја прифати поканата за интервју. Поминавме повеќе од еден час интересен муабет за приказните од улицата „4 Јули“ во популарната населба Ѓорче Петров во главниот град. Во ова интервју проследуваме дел од муабетите на кафе-средбата со господинот Ибрахими.   

Спрегата медиум-изведувач-автор

Интервју со Александар Ристовски

Спрегата медиум-изведувач-автор

Во идејата да го овозможиме медиумскиот простор што го зафаќа Регистарот за претставници од музичката фела погодени од новата реалност поврзана со ковид-19, последниве месеци сме во потрага по соговорници што ќе ја раскажат сопствената приказна и ќе ги споделат нивните ставови за прашања поврзани со музичките настани, музичката индустрија и интересот за домашната музика.

Во пописот на личности што ги контактираме за краток разговор на теми поврзани со претходно споменатите аспекти од музичкиот живот во нашето општество се наоѓа и Александар Ристовски - Принц. Убедувањето е дека за познавачите на домашните прилики на темата, желбата за дискусија со А. Ристовски нема да биде изненадување. За останатите и како крај на прологот за ова кратко интервју, ќе напишам дека Ристовски е музички автор и кант-автор што има што да каже за музичките прилики во нашето општество, кој воедно е и актуелен претседател на здружанието на автори на музички дела - „Шпато“.

music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива