Написи

„Home alone“, новиот сингл на Јана Бурческа

„Home alone“, новиот сингл на Јана Бурческа

На 11 април 2023 година во Аудиокултура беше одбележано раѓањето на новиот сингл на Јана Бурческа. Песната се вика „Home alone“ (превод: сам дома). 

Обука за менаџери во музичката индустрија се одржува во Скопје

Проектот MOST и Пасворд продукција ја организираа втората рунда обуки од програмата за менаџери во музичката индустрија

Обука за менаџери во музичката индустрија се одржува во Скопје

Вчера, на 17.мај.2022 година започна втората рунда обуки за менаџери во музичката индустрија (МТ програма) во организација на  MOST и Пасворд продукција.

Берза на винили во Куманово / недела, 3 април 2022 / Valhalla Bar

Берза на винили во Куманово / недела, 3 април 2022 / Valhalla Bar

Овој викенд (недела, 3 април 2022) во организација на Boiling Point и Q Rec, ќе се одржи втора кумановска берза на винили во Valhalla bar. Првото издание се одржа пред 2 години, а лани планираното издание беше откажано поради изненадна воведување ригорозни протоколи за јавни настани.

Четкар на зимска турнеја низ Америка

Четкар на зимска турнеја низ Америка
Нашиот познат македонски џез гитарист и кантавтор Владимир Василески – Четкар кон крајот на месец јануари 2022 година, ќе започне со поголема зимска турнеја низ пет држави во Соединетите Американски Држави.

Spotify, Google, Amazon и Pandora предлагаат пониски провизии за авторските права за престојниот период

Од 15.1% на 10.5% за авторските права за период од 2023 до 2027

  • 13 ноември 2021
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 410
  • Коментари
Spotify, Google, Amazon и Pandora предлагаат пониски провизии за авторските права за престојниот период

Некои од сопствениците на најпопуларните сервиси за преслушување музика (music streaming services), вклучувајќи ги Spotify, Apple, Amazon, Pandora и Google, поднесоа документи до Одборот за авторски права на САД (Copyright Royalty Board (CRB)) кон крајот на октомври 2021 за да им соопштат што мислат во однос на авторските права што треба да им ги плаќаат на музичките автори за наредниот период од пет години помеѓу 2023 и 2027 година.

Фотографии од претставници на македонската музичка заеднива слободни за користење

ВБУ Музички регистар на Фликер (Flickr)

  • 13 ноември 2021
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 341
  • Коментари
Фотографии од претставници на македонската музичка заеднива слободни за користење

Креиравме Фликер (Flickr) профил и почнавме да објавуваме фотографии поврзани со домашната музика слободни за користење.

Историја на македонската популарна музика

Нова книга за историјата на македонската популарна музика

  • 15 октомври 2021
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 588
  • Коментари
Историја на македонската популарна музика

Нова книга за историјата на македонската популарна музика од Папазова и Новаковска.

Креирање информативни содржини за изданија од домашната музичка продукција

Соработка помеѓу новинската агенција Мета.МК и ВБУ Музички регистар

  • 28 септември 2021
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 1032
  • Коментари
Креирање информативни содржини за изданија од домашната музичка продукција
Со задоволство би сакале да информираме дека ВБУ Музички регистар и новинската агенција Мета.мк договорија заедничка соработка преку која ќе се креираат информативни содржини за нови музички изданија од домашната продукција.

„Вино и џез“, повторно и ова лето, 2021

Владимир Четкар секстет веќе традиционално секое лето со настап под називот „Вино и џез“

  • 29 август 2021
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 381
  • Коментари
„Вино и џез“, повторно и ова лето, 2021
Кантавторот Владимир Василески – Четкар со својот секстет вчеравечер (сабота, 28.08.2021) на прекрасната базенска тераса на хотелот „Филип“ во Охрид, го одржа својот, шеста година по ред, концерт насловен како „Вино и џез“.

Дина Јашари и Funk Shui во листата финалисти за наградата Милан Младеновиќ 2021

  • 19 август 2021
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 620
  • Коментари
Дина Јашари и Funk Shui во листата финалисти за наградата Милан Младеновиќ 2021

Конкурсот за Наградата Милан Младеновиќ 2021 се приближува до крајот. Веќе се познати финалистите.

Од 47 полуфиналисти и четиринаесет финалисти двајца се од Македонија, а тоа се Дина Јашари и Funk Shui.

Почина Милка Герасимова

Тонски снимател на МРТВ

  • 11 август 2021
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 552
  • Коментари
Почина Милка Герасимова
На 10.август.2021 година до нас дојде информација дека тонскиот снимател Милка Герасимова почина. Можеби таа не беше видлива за јавноста и просечниот консумент на музички изданија во кои таа учествувала, но затоа нејзините колеги, музички професионалци добро ја познаваат и ценат.

Полуфиналистите за наградата Милан Младеновиќ 2021

  • 7 август 2021
  • Автор: Редакција
  • Број на прегледи: 575
  • Коментари
Полуфиналистите за наградата Милан Младеновиќ 2021
Во јуни 2021 имаше повик за поднесување песни што ќе конкурираат за Награди Милан Младеновиќ 2021. Ние ја споделивме информацијата за овој повик, а еве сега информираме дека на почетокот на топлиот август 2021, објавени се полуфиналистите.

Враќање во живот на македонската музичка сцена

Враќање во живот на македонската музичка сцена
По повеќе од една година замрена музичка сцена и откако минатиот месец музичката фела симболично ја прогласи македонската музика за „мртва“, со олабавување на Ковид мерките месец јуни, а особено во јули, почетокот на летната сезона и владината финансиска помош, музичката сцена живна и полека се врати во живот. 
На големо задоволство на публиката, но и на целокупната музичка фела, сведоци сме на експлозија од музички настани од секаков вид – концерти, фестивали, настапи во локални клубови, промоции. Не се сеќаваме кога последен пат календарот со настани ни бил толку богат.

Танец и неговото „Враќање“

Закажани серија настапи на ансамблот Танец

Танец и неговото „Враќање“
На 16.август 2021, во рамките на манифестацијата „Скопско лето“, во Камерната сала на Македонската Филхармонија се одржа вокално-инструментален концерт на Н.У Ансамбл за народни игри и песни Танец под името „Мелем песна“. На концертот настапија оркестарот, хорот и солистите при ансамблот, вклучитално и Сузана Спасовска и Кирил Митоски
Во програмата се исполнија неколку нумери: „Ти ли се најде“, „Лено мори“, „Пиперково оро“, „Подранила Цена“, „Какво е чудо големо“, „Мори моме, малој моме“ и други.

Мене ништо не ми пречи

Мултимедијален настан во скопската населба Ѓорче Петров

Мене ништо не ми пречи
Вечерва, 30.06.2021 во паркот во населба Ѓорче Петров - Скопје се одржа новиот мултимедијален настан под името „Мене ништо не ми пречи“. Овој настан содржеше изложба на фотографии и концерт на класична музика во реализација на Театар „Пи“ и лица со интелектуална попреченост и лица со типичен развој. Ова е првиот настан од многуте кои наскоро ќе се изведуваат пред јавноста. 

Глобален натпревар на песни/траки/фонограми од музичките жанрови Techno, House, Drum and Bass, Mainstage/EDM, Hip Hop и Trap и Raggaeton

Награден фонд од вредност преку $100.000

Глобален натпревар на песни/траки/фонограми од музичките жанрови Techno, House, Drum and Bass, Mainstage/EDM, Hip Hop и Trap и Raggaeton
Beatport, Loopcloud, Beatsource, LabelRadar и Plugin Boutique се здружија за да го создадат најголемиот предизвик за музички продуценти во 2021 година.

Дизер (Deezer) - сервис за преслушување и преземање музика

Бесплатен период за Премиум пакетот

Дизер (Deezer) - сервис за преслушување и преземање музика
Во обид да аплицираме различни деловени/бизнис модели, последниве 12 месеци правиме договори со брендови што и самите ние ги користиме за да станеме нивни филијали/подружници што ќе ги продаваат нивните производи и сервиси, за што ВБУ Музички регистар би добивал соодветен процент.

Награда „Милан Младеновиќ“ 2021

Отворен е повикот за конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ 2021

Награда „Милан Младеновиќ“ 2021

Милан Младеновиќ беше поет, пејач и гитарист. Милан е најпознат по неговата улога на фронтмен во бенд „Екатерина Велика“ или ЕКВ (EKV), а веројатно и како член на бендот „Шарло Акробата“. Милан Младеновиќ почина на 36 години во 1994 година, но на некој начин неговиот дух и неговото дело сеуште живее преку активностите на невладината организација (фондација) во слободен превод „Аманет/Наследство Милан Младеновиќ“ (изворно Zadužbina Milana Mladenovića). Една од целите на ова граѓанско здружение е да го стимулира уметничкото творештво во регионот - поточно на територијата на поранешна СФР Југославија. 
Здружението еднаш во годината организира доделување на награда Милан Младеновиќ.

Јуни 2021 е месецот за пријавување на песна. 

Дел од музичката фела ја прогласија македонската музика за „мртва“

Вчера, 04 Јуни 2021 на протест пред Владата на С.Македонија музичката фела го изрази своето незадоволство од дискриминаторскиот пристап во релаксирање на Ковид мерките

Дел од музичката фела ја прогласија македонската музика за „мртва“
Вчера, на 04.Јуни.2021 година дел од музичката фела симболично ја прогласија македонската музика за „мртва“. Со 2 минутно молчење, присутните на протестот симболично ја „погребаа“ македонската музика, откако претседателот на Здружението на музичари „Музика сега“ Трајко Симоновски ги објасни причините.

Препознавање на вредност во ВБУ Музички регистар

Министерство за култура финансиски го поддржа ВБУ Музички регистар

Препознавање на вредност во ВБУ Музички регистар
ВБУ Музички регистар конкурираше на последниот годишен повик на Министертвото за култура за проекти од национален интересн. Комисијата што одлучуваше во категоријата (Музичка и музичко-сценска дејност) каде што конкурираше Регистарот со проект одлучи да одобри средства за ВБУ Музички регистар и финансиски да ги помогне нашите активноти за 2021 година (резултати од конкурсот објавени од Министертвото за култура).
music nonstop today
«март 2026 г.»
пон.вт.сре.чет.пет.саб.нед.
2324252627281
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345

Архива